Рецепти за супи и чорби (III дел)

0

ЗИМСКА ЧОРБА

2 главици кромид, 2 чешниња лук, 2 моркова, главица целер, 4 компири, 2
домата, главица карфиол, рендан пармезан, сол, црн пипер, путер.

На путерот се пропржува кромидот и лукот, па се додава исечканиот зеленчук. Се налева со два литра вода, се посолува, се става црн пипер, па се вари еден час. се служи со рендан пармезан.

КИСЕЛА ЧОРБА

1 кокошка, 1 јајце, сол, црн пипер, една китка зеленчук за супа, малку оцет.

Кокошката се сече на парчиња и се става во лонец да се вари. Кога ќе зоврие супата се додава зеленчукот за супа. Се вари се додека месото не омекне. Потоа зеленчукот за супа се пасира, а месото се одвојува од коските и се сечка. Во чинијата за служење се мати јајцето, се додава месото зеленчукот и супата. Се посолува и се става црн пипер по желба. На крајот се додава малку оцет.

КРЕМ ЧОРБА ОД ШПАРГЛИ

500 грама шпаргли, ½ литар супа од коцка, 50 грама путер, 70 грама брашно, 1 кисела црвена пиперка, 1 жолчка, 1 јајце, 1 лажица масло, магдонос, земичка, сол, црн пипер.

Шпарглите се сечат на парчиња долги околу 4 сантиметри. Во тенџере се става супата од коцка, се додаваат шпарглите и се варат половина час. Супата се трга настрана и се процедува. Во меѓувреме во друг сад се растопува путерот, се пропржува малку брашното во него, се налева со супа и се остава супата малку да зоврие. Се додаваат шпарглите и пиперката исечена на резанки. Се матат жолчките, се додава малку супа, добро се промешува и се зачинува. Земичката се сече на коцкички, коцкичките се валкаат во јајце и се пржат на жешко масло. Се служат со супата.

СУПА СО СИРЕЊЕ

4 домата, 2 коцки за супа, 125 грама сирење, една главица кромид, една китка праз, 125 грама шунка, масло.

Кромидот се сече на коцкички и се пропржува во малку масло да стане стаклест. Доматот се мие, се сече на тркалца и се додава кусо време да се пропржи со кромидот. Се налева со еден литар вода, се додаваат две коцки за супа и сирењето исечено на коцкички. Се продолжува со варењето со постојано мешање, додека сирењето не се стопи. Во меѓувреме празот се сече на тркалца, а шунката на резанки и се додава на супата. Се вари се додека празот не омекне.

СУПА ОД ПРАЗ

500 грама праз, една главичка целер, масло, 3 компири, жолчка, вегета.

Се чистат празот и целерот и се сечат на коцкички, па се пропржуваат во малку масло. Кога зеленчукот ќе омекне, се налева еден ипол литар вода и се додава компирот исечен на коцкички. Се вари додека компирот не омекне, а потоа зеленчукот се пасира, се доава вегетата и се зачинува со жолчка. Се служи со коцкички печен леб.

КРЕМ ЧОРБА ОД СПАНАЌ

500 грама спанаќ, една главица кромид, 75 грама барена шунка, ¾ литар супа од коцки, сол, црн пипер, 4 тврдо варени јајца.

Кромидот и шунката се сечат на коцкички и се пропржуваат на масло. Се налеваат со супа и се додава приготвениот спанаќ. се остава чорбата да зоврие, па по вкус се става сол и црн пипер. Кога малку ќе се излади се додаваат исечканите варени јајца.

ЧОРБА ОД КРАП

100 грама масло, една главица кромид, 2 моркова, 30 грама брашно, ½ кг. крап, една лажица вегета.

Маслото се загрева и на него се пропржува исечениот кромид, заедно со ренданиот морков. Кога зеленчукот ќе порумени, се додава брашното и се пржи додека брашното не порумени, па се налева 1,5 литар вода. Малку се посолува, по вкус се закиселува и се додава вегета. Рибата се сече на парчиња и внимателно се пушта во водата. се вари додека рибата не омекне, по вкус се зачинува со павлака и со исецкан магдонос.

ЧОРБА ОД ГРИЗ

1 литар супа од коски, 7 лажички гриз, 2 жолчки, 7 лажички павлака, сол, магдонос.

Во малку посолена супа од коски се вари гризот. Постојано мешајќи се вари десетина минути. Одделно се матат жолчките и внимателно се ставаат во чорбата. Се варат уште пет минути. При крајот се додава павлаката и магдоносот.

ЧОРБА ОД КИСЕЛА ЗЕЛКА

150 грама кисела зелка, 1,5 литар вода и расолница, црн пипер во зрна, лорберов лист, 30 грама масло, 40 грама брашно, 150 грама колбаси, 2,5 дл кисело млеко.

Киселата зелка ситно се сече, се налева со вода и со расолница, се додаваат зрната црн пипер и лорберовиот лист и се вари околу еден час. Се прави запршка од масло и малку брашно, се разредува со малку вода и се става зелката. Се додаваат колбасите исечени на тркалца и се вари уште десетина минути. Варената чорба се зачинува со кисело млеко.

СУПА ОД ЛУК

Една главица лук, 1 литар вода, 2 јајца, малку магдонос, една лажица вегета, 3 лажици масло, сол, црн пипер.

Лукот се лупи, се сече на тенки резанки и се пржи на масло, додека не порумени. Се налева со вода, се додава вегета и се остава да зоврие. Се вари уште десетина минути. Во меѓувреме, се матат јајцата и полека се ставаат во супата. Пред служење се посолува и се става магдонос.

СУПА ОД ОВЧО МЕСО

За оваа супа најдобро е да се земе месо од бутината. Месото најпрво треба добро да се измие и од него да се отстрани целата мрснотија. Се става месото во лонец, се налева со студена вода и се додава зеленчук за супа, како и една главица кромид.

Кога ќе биде варено сето ова ситно се сече и се служи.

ЧОРБА ОД СУВО МЕСО

Половина килограм суво месо се мие во 2-3 млаки води, се става во лонец, се налева со студена вода и се вари се додека не омекне месото до половина. Се додава една цела главица исчиастен кромид, 1 китка зеленчук за супа и се вари додека сувото месо не омекне. Кога чорбата е готова, месото се вади од неа, и се додаваат две три лажици сос од домати и 2 чешниња лук. Се остава чорбата уште малку да проврие, се цеди во друг лонец и полека се става зачинот. А тој се приготвува вака: во 1 децилитар кисела павлака се мати мала лажичка брашно, на врвот на ножот црвен пипер и малку оцет. Сето ова се става во чорбата и се остава да врие уште петнаесетина минути.

ЧОРБА ОД МЛАДИ КОПРИВИ

Два килограми млади коприви се попаруваат со врела вода, се цедат од водата и се сечат на ситни резанки. Во тенџере се пропржува на 1 лажица путер, 1 лажица брашно и се додава една главичка ситно исечкан кромид. Се додаваат копривите и се налеваат со претходно сварена супа од кокошка. Во чорбата се додаваат уште 2 – 3 излупени и исечени компири на коцкички и тие се варат. Чорбата се зачинува со 3 лажици кисела павлака, 1 жолчка и сок од лимон, претходно добро изматени.

ПИЛЕШКА ЧОРБА СО КАЈМАК

Пилето се сече на парчиња. Во тенџере се става 1 лажица путер и пилешкото месо малку се пропржува. Во друго тенџере се става половина килограм кајмак, се додава ¼ килограм ситно исечен кромид, па кога кромидот ќе биде напола испржен, се доава 1 лажица брашно. Запршката се пржИ додека не порумени. Се доава црвен пипер и црн пипер. Се налева со вода, се спуштаат парчињата пилешко месо, па сето ова уште малку се вари. Се посолува и се служи.

ЧОРБА ОД МАКАРОНИ

2 литра бистра говедска супа, 180 грама макарони, 60 грама рендан пармезан.

Макароните посебно се варат околу 15 минути, се процедуваат и се ставаат во супата. Се оставаат да се варат на тивок оган уште 10 минути. Во чинија се става ренданиот пармезан, па преку него се става супата со макарони.

ЧОРБА ОД ЗЕЛЈЕ

3 китки зелје, 1 главица кромид, 30 грама брашно, 30 грама масло, чаша млеко, 1,5 литри вода, 2 олажици ориз.

Зелјето се чисти, се мие и се сече на резанки. Кромидот се сече ситно и се пропржува на масло, се меша со зелјеѕто и се пропржува заедно околу 5 минути, додека не омекне. Се додава брашното, се налева млекото и се меша. Кога ќе зоврие се става оризот и се вари уште 15 минути.
Се служи со овчо кисело млеко.

ИТАЛИЈАНСКА ЧОРБА ОД ДОМАТИ

2 литра бистра говедска супа, ½ кг. домати, 150 грама кромид, 50 грама масло, 60 грама брашно, 100 грама ориз, 90 грама рендан пармезан.

На маслото се пропржува кромидот и доматот претходно исечен на тркалца. Се додава брашното, се налева супата, се посолува и се додава црн пипер. Кога супата ќе зоврие, се става исчистениот и измиен ориз. Се вари уште 30 минути. Се става во чинија и се служи со рендан пармезан.

ЧОРБА ОД МЛАД ГРАШОК

1,5 литри бистра супа, ½ кг. исчистен млад грашок, една чаша к
исела павлака, една главица кромид, магдонос, масло.

На масло се пропржува ситно сечениот кромид, се додава грашокот, се поклопува и се динста 10 минути. Се налева со супа и се вари 45 минути. Се зачинува со павлака и магдонос.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com