Рецепти за супи и чорби (II дел)

0

ГУСТА РИБЈА ЧОРБА

500 грама риба погодна за чорби, 2 зрели домата, 1 праз, 2 ловорови листа, 2 лажици масло, сол, шафран, црн пипер, 70 грама ситна тестенина за супа.

Зеленчукот исечето го на ситни парчиња и динстајте го на масло со ставениот ловоров лист. Во меѓувреме исчистете ја рибата и исечете ја на парчиња. Додадете ја на сварениот зеленчук, малку динстајте ја, а потоа додадете еден литар топла вода, на врв на ножот шафран (претходно разматен во малку студена вода), сол, црн пипер, поклопете го тоа и пуштете го полека да врие еден час. Извадете ја рибата и зеленчукот и изгмечете ги низ цедалка, внимавајќи на ситните коски. Оваа смеса се става на оган, кога ќе зоврие се додава тестенината и варете ја во зависност од големината на тестенината. Чорбата се служи жешка. Се додава црн пипер по желба.

ГУСТА ЧОРБА ОД ОРИЗ И КЕЛЕРАБА

2 литра чорба, 150 грама ориз, ½ главица кел, 2 лажици рендан пармезан, 10 грама путер.

Чорбата се загрева, се чисти келот и се отсекуваат листовите од коренот, па секој се сече на три сантиметри дебели резанки. Се ставаат во врелата чорба и се варат десет минути. Се додава исчистениот ориз и се вари, внимавајќи да не се превари. На крајот се додава пармезанот, а потоа, надвор од оганот и путерот. Се служи со пармезан како додаток.

ЧОРБА ОД КЕЛЕРАБА

1 ½ литар чорба, 500 грама млади келераби, 2 лажици исечкан магдонос, 2 лажици рендан пармезан, 10 грама путер. Се служи со парчиња испржен леб и многу пармезан.

Загрејте ја чорбата. Во меѓувреме излупете ги келерабите, измијте ги и исечете ги на тенки резанки. Кога ќе зоврие чорбата ставете ги келерабите во неа и оставете ги да се варат 20 минути. На крајот додадете го исечканиот магдонос и ренданиот пармезан. Тргнете ја чорбата од оган и ставете го путерот. Лебот може да се исече и на коцкички, да се стави во чинијата и потоа да се прелие со чорбата. Во секој случај треба обилно да се посипе со рендан пармезан.

СУПА СО ОРИЗ И ЏИГЕР

400 грама ориз, 1 главица кромид, 80 грама путер, 1 литар зовриена супа(може и концентрат). Зачини: 1 телешки бубрег, 1 лажица брашно, 2 лажици исечкан магдонос, ½ чаша бело суво вино, 25 грама путер. Рендано сирење.

На путерот динстајте го ситно сечениот кромид, потоа додадете го исчистениот ориз и полека налејте ја жешката супа. Кога ќе почне да врие. Намалете го оганот и варете го оризот 12-14 минути. Во меѓувреме џигерот исечете го ситно. Измијте го магдоносот и ситно исечете го.. Неколку минути пред да биде готова супата додадете го џигерот, магдоносот и пармезанот, а кога ќе ја тргнете од одган и путерот. Посебно служете и рендан пармезан.

ГУСТА ЧОРБА ОД ОРИЗ И ТИКВИЧКИ

150 грама ориз, 300 грама тиквички, ½ главица кромид, 30 грама маргарин, еден ипол литар топла супа (од коцка), 2 лажици рендан пармезан. Послуете ја со реднан пармезан како додаток.

Тиквичките излупете ги и исечете ги на парчиња во големина на орев. Исечкајте го кромидот и донстајте го на маргарин додека не пожолти. Додадете ги тиквичките и продолжете да ги динстате уште пет минути. Ставете ги во супата и кога ќе зоврие додадете го исчистениот ориз и оставете ја да врие десетина минути. На крајот додадете го ренданиот пармезан. Тиквичките при варење ќе се распаднат и оризот ќе се изедначи со густото пире од тиквици. Супата можете да ја замените и со половина количина млеко и половина вода, но во тој случај не треба да се стави кромид.

ГУСТА СУПА ОД МАГДОНОС

1 литар супа од месо, 2 цели јајца, 4 лажици рендан пармезан, 2 лажици исечкан магдонос.

Во еден сад загрејте ја супата. Посебно изматете ги јајцата. Кога ќе станат пенасти, полека додавајте го пармезанот, а потоа и исечканиот магдонос. Штом супата ќе зоврие, ставајте ја во смесата супата, со постојано мешање. Оставете ја да врие пет минути и сервирајте ја.

ЧОРБА СО ОРИЗ И КОМПИРИ

1 ½ литар супа, 2 компира, 200 грама ориз, 2 лажици рендан пармезан, 20 грама путер.

Компирите се лупат се сечат на коцкички и се ставаат во студена вода. Загрејте ја супата и кога ќе зоврие ставете ги во неа процедените компири, а кога повторно ќе зоврие и оризот. На крајот додадете го ренданиот пармезан, а кога ќе ја тргнете од оган и путерот. Може да се стави и сецкан магдонос.

ГРЧКА СУПА СО ОРИЗ

2 литра пилешка супа, 200 грама ориз, 2 јајца, 1 лимон.

Соберете ја мрснотијата од супата, загрејте ја во еден сад, а кога ќе зоврие, ставете го во неа исчистениот ориз, веднаш измешајте го и оставете го да врие 12-15 минути. Во голема чинија иазматкајте ја белката во цврст снег. Во шолјичка измешајте ја жолчката со половина исцеден лимон, додавајте го полека на снегот и измешајте го. Постојано мешајќи, малку по малку налевајте ја супата се додека повторно не се загрее. Посолете ја и ако е потребно додадете уште сок од лимон. Тргнете ја од оган пред да зоврие, во спротивно ќе се згрутчи јајцето. Служете ја веднаш.

ЧОРБА ОД БОРАНИЈА И БЛИТВА

½ главица кромид, 1 чешне лук, 1 гранка розмарин и тимијан, 500 грама блитва, 1 парче целер, 1 морков, 1 мал компир, 1 страк магдонос, 2 лажици сос од домати, 200 грама варена боранија 1 коцка месен екстракт, масло, 4 лажици рендан кашкавал.

Исечкајте го кромидот, изгмечете го лукот, па сето ова ставете го во еден сад. Додадете го розмаринот и тимијанот, па динстајте го ова на умерен оган со две до три лажици масло, додека зеленчукот не пожолти. Потоа додадете ја блитвата, морковот, целерот, компирот и магдоносот, па и нив динстајте ги десетина минути. Потоа додадете го сосот од домати и боранијата (половина цела, половина испасирана) и колку што е потребно топла вода и коцкичката од месен екстракт. Се вари половина час, сето ова и на крајот се додава ренданиот пармезан.

КРЕМ ЧОРБА ОД ТЕЛЕШКО МЕСО

(За 1 лице): 3 дл. чорба од зеленчук, 50 грама ситно сомелено телешко месо, 20 грама ориз, 1 лажица павлака, сол.

Ставете ја во сад студената чорба од зеленчук, додадете мелено месо и оставете ја да зоврие, па додадете го оризот да се вари околу 20 минути. Кога ќе се излади, сето ова измиксирајте го, па повторно вратете ја чорбата на оган. Кога ќе почне да врие, надвор од оган додадете ја павлаката. Посолете ја по желба.

ЧОРБА ОД ЦЕЛЕР

Добро зачинета супа од коски, 1 мала главица кромид, 1 главица целер, ¼ литар млеко, 2 јајца, 1 лажичка сок од лимон.

Сето ова се вари и кога ќе биде готово, се процедува, се пасира и се враќа назад во тенџерето. Се додава супата од коски и се става на оган да зоврие. Потоа се доасва варен рен и малку изрендано морско оревче и сол и се остава да врие 15 минути. Се служи топло.

РИБЈА ЧОРБА СО ЗЕЛЕНЧУК

200 грама праз, 250 грама моркови, 250 грама зелка, 2 лажици масло, 1,5 литра супа од коцка, сол, црн пипер, црвен пипер, 1 кг риба.

Празот и морковот се сечат на тркалца, зелката на резанки, па сето заедно се динста на масло. Се налева со супа, се зачинува и се вари 20 минути. Во меѓувреме се чисти рибата, се сече на ситни парчиња, се додава на зеленчукот и се вари додека не омекне.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com