Публиката го избрка Џастин Бибер од сцената (Видео)

0

„Луѓето не покажаа ни малку почит“ изјави Џастин Бибер откако го фрли микрофонот и се симна од сцената бидејќи обожавателите во Манчестер негодуваа гласно поради неговите предолги монолози помеѓу песните.

Инцидентот се случи во неделата навечер кога Џастин го навлече гневот на публиката и таа едноставно го „оддува“ од сцената. Поводот за ова беше однесувањето на 22-годишната музичка ѕвезда, кога едноставно се занесе во своите говори помеѓу песните по што неговите обожаватели во Манчестер Арената ги изгубија нервите и почнаа гласно да негодуваат барајќи да го продолжи шоуто заради кое се дојдени. Ненадејно тој го фрли микрофонот и демонстративно ја напушти сцената откако публиката одби да го слуша.


Сепак, по неколку минути се врати на сцена и рече „Манчестерците не можат да поднесат зборување, тогаш нема да зборувам“. На крајот на концертот, тој се обиде да го објасни фијаското. Наводно неговите концерти им ги посветил на своите обожаватели во надеж дека ќе ги направи посреќни и повесели, а на почетокот на настапот немал впечаток дека гледачите му враќаат со иста мерка како што тој се внел во шоуто.

Се разбира, на социјалните мрежи тој беше растргнат од посетителите на концертот но и од многумина други кои воопшто немаа разбирање за неговите хирови.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com