Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Прошетка низ Отранто

0

Отранто или како што го нарекуваат бисерот на Саленто, град во јужна Италија, со богата култура и историја, каде преку Јадранското море месапите изградиле цивилизација на освоената територија која нарекле Апуља . Луѓето кои живееле во Апуља биле богати трговци, истата нуди исцрпна приказни како дел од Византиската Империја, дел од Константинопол, а денес иако Лече е главен, голем и раскошен град, сепак Отранто е попримамлив за туристите и нормално има и зошто. Ако ми го послушате советот не би ви препорачала да го посетите во јули или август, климата е медитеранска, па шетањето е изводливо и во останатите месеци во годината.

Во XV век Acmet Pascia го нападнал градот, поточно 1480 година Отранто бил окупиран од Отоманите, а ослободен по 1 година. Како продукт на оваа случка се родил замокот на Отранто или Castello di Otranto, кој денес го  краси градот и претставува вистинска атракција за туристите.

Во чест на еден несреќен случај ќе наидете на еднен прекрасен монумент што го краси градот, направен од страна на грчкиот скулптор Costas Varotsos. На 28 март 1997 година бродот Kater I Rades, кој пловел со 100 жители од Албанија потонал во Јадранското море. Па грчкиот скулптор во знак на чест на овој настан, со остатоците од бродот направил неверојатно дело.

На страна од богатата историја и малку подалеку од центарот се наоѓа прекрасно едно природно богатство Il lago di Bauxite. Бидејќи туристичките водичи немаат навика да го прикажуваат, а и нема некои сообраќајни знаци за да го означат патот, јас ќе ви оставам едно сликиче па саноѓајте се со Google maps.

Еден многу интересен момент е тоа што името на ова езеро е метонимија, езерото не е составено од боксит, туку од воден депозит формиран по природен пат во каменолом од боксит. Бојата на бокситот и онаа на езерото формираат прекрасен пејсаж, совршен за Insta фотки.

Шетајќи низ вековите и историјата бев вчудоневидена од величенствената катедрала Santa Maria Annunziata. Основана е 1608 од страна на норманскиот епископ Вилијам, а поради се’ што претрпела низ вековите можете да забележите ранохристијански, византиски и романски елементи. Како и целиот град па така и оваа катедрала била сведок на крвопролевањето во 1840та година кога Османлиите по неколку дена опсада влегле во црквата и ја претвориле во џамија, а фреските од XII век биле уништени.

Во внатрешноста ќе наидете на прекрасен мозаик поделен на 3 дела. Поточно 3 дрвја, каде се прикажани пеколот и рајот, првата сцена или истерувањето на Адам и Ева, а како што расте дрвото, гледаме различни грешници и гревови, од левата страна религиски моменти, од десната страна историски.

Освен прекрасните мозаици во оваа катедрала ќе ги најдете 800 маченици обезглавени од страна на Османлиите. Истите беа канонизирани во 2013 од страна на папата Френсис. Освен нивните черепи и коски, поставен е и каменот на кој истите биле обезглавени.

И би било штета да сте во јужна Италија а да не свратите во Отранто, ќе ви треба само 1 ден за да го прошетате, ама ќе се збогатите со многу информации и како што кажав и погоре фотки за на Инстаграм

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com