Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Прошетка низ Бари

0

Кога помислуваме на патување ретко кога некој се осудува да го спакува куферот во овој период од годината. Но, ако имаш уште денови од ланскиот одмор и заштедено некој денар, топло би ти препорачала  да ја ѕирнеш јужна Италија. Совршена, од проста причина што температурата се движи околу 15 степени целзиусови и можеш на раат да талкаш, не гужвајќи се со останатите туристи и варејќи се на превисоките температури, што е типично за летниот период. Мојата предлог дестинација е Бари.

Градот е поделен на 2 дела: стар и нов град. Оваа поделба била мошне значајна се’ до 2001та година. Локалците од т.н. нов град не ни помислувале да се приближат во другиот дел каде што владеел општ хаос, секојдневни грабежи и престрелки, додека во 2001 поточно 12 јули паднала првата невина жртва, Michele Fazio, младо момче кое се нашло на погрешно место во погрешно време. Овој несреќен случај  придонел да нарадот се свести и да започне примирје и соединување на стариот и новиот дел. На местото на престрелката е изграден споменик во знак на Michele и почеток на мир во Бари.

Стариот град се одликува со тесни, криволиниски улички каде владее духот на италјанската култура и традиција. Од време на време гледаш како по некоја веспа те прошишува и нека не ве зачуди сообраќајната некултура во јужна Италија, замислете има и полоши од нас.

Шетајќи низ стариот град ќе начекаш по некоја италјанска бабичка како прави pasta fresca и си потпевнува некое фино италјанско песниче. Свежата паста е must кога веќе си во Италија, нема ништо повкусно од туку што спремени orecchiette, а кога веќе си во Бари никако не смееш да пропуштиш парче фокача и се подразбира дека со добра храна оди добро вино. Мои предлози се Locorotondo и Gravina.

За разлика од стариот дел, новиот има свој печат и свои обележја, се одликува со долги и геометриски улици, а за сите обожаватели на модата, пуштете чекор по via.Manzzoni и Corso Cavour, сигурна сум дека ќе најдете фино италјанско парче облека.

Meѓу улиците со дрвореди наѕира  театарот Petruzzelli, еден од трите позначајни театри во историјата на Бари, отворен во 1903 и прогласен за монумент од историско-уметнички интерест во 1954, истиот во 1991 бил уништен од подметнат пожар и повторно изграден и обновен во 2009. За сега картите за секоја опера да се продаваат уште во првиот час.

Уште еден театар со своја приказна и обележја е театарот Margherita, значаен е по тоа што не се наоѓа на копно и тоа бидејќи градот  потпишал договор со фамилијата Petruzzeli кој  гласел дека не смее да биде изграден друг театар на тлото на градот.

За италјаните се знае дека се мошне религиозен народ и дека си ја почитуваат и негуваат својата религија. Заштитник на градот е Св.Никола во чие име ќе најдете прекрасна базилика во стариот дел на Бари. Овој светец е познат меѓу нас како Дедо Мраз.
Св.Никола бил трговец кој живеел во IV век во Мира, сегашна Турција, останал сирак уште кога бил многу мал, но се здобил со големо наследство. Бидејќи бил мошне добар и великодушен човек знаеме дека им помагал на луѓето кои имале потреба од помош. Постојат повеќе легенди и истите се насликани и прикажани во базиликата која е изградена во негова чест. Неговите мошти биле донесени во Бари со помош на 2 крави кои после долгиот пат застанале на местото каде што денес е изградена оваа базилика и не се поместиле. Заради тоа кога ќе дојдете на влезот на базиликата ќе приметите дека главните столбови ги држат 2 крави, ако забележите кравите не се животни кои се користеле како симбол во архитектурата, особено за изградба на религиозни објекти.

Позади замокот на Бари или “Castello Normanno Svevo” стои мошне богата историја. Првиот момент се страдањата на луѓето кои живееле на територијата на Бари за време на доаѓање на норманите на власт, кои вовеле нови такси, надоместоци и должности. Изреволтирани поради промената го уништиле замокот, кој бил симбол на норманска моќ. Норманскиот крал William I т.н “Il malo”, во превод зол, со цел да го казни народот им дал 3 дена да заминат пред да го уништи градот се’ до темели, освен базиликата на Св.Никола. Со доаѓањето на власт на William II, градот бил повторно изграден. Дејствието се случувало во XII век.

Бари има многу да понуди од богата историја, архитектура и најважно предобра храна!!! Навистински вреди да се прошета низ неговиоте улици и пред крај да не заборавам најважната работа за Италија, gelato!!! Најтопло ти го препорачувам студениот сладолед на Martinucci.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com