Проблеми со ушите кај кучињата

0

Кучињата често имаат пролем со ушите, а најпогодени раси се кокершпаниелот, ирскиот сетер, пудлиците, доберманот и германскиот овчар. Имено, тоа се кучиња од таква раса, што имаат преклопено уво, а самото уво е прекриено со долги влакна.

И кучињата и мачките се движат во микроклиматска средина (30-50 сантиметри високо од тлото) каде е најголема концентрацијата на прав и микроорганизми, а тоа е една од основните причини за болестите на ушите.

По прошетката ушите се чистат на тој начин што на малиот прст ќе ставите стерилна газа и со лесно движење ќе го исчистите увото. Не тријте долго, доволно е 2-3 пати да се сврти со прстот.

Микроорганизми(бактерии, вируси,габички) можат да ја нападнат внатрешноста на увото. Во ушниот канал постојат фини влакна, кои спречуваат влегување на прашината во внатрешните уште почувствителни делови на ушниот канал.

Понестручно отстранување на влакната, остануваат ранички , кои се влезна врата на воспалителните процеси. Увото екогаш има специфичен мирис. Тоа е мирис на заштитната ушна маст. Но, кога тој мирис ќе стане непријатен, тоа е аларм за ветеринарски зафат.Воспалението на надворешниот ушен канал можат да го предизвикаат и габички.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com