Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ПРЕДНОСТИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ СТРАНИ НА ,,WELLNESS” ТРЕНДОТ

0
  1. ТОСТ СО АВОКАДО

Предности:

Тостот од авокадо содржи многу маснотии кои се здрави за срцето. Оваа трендовска здрава храна содржи маст која помага во намалување на нивото на холестерол и е без натриум. Важно е да се обрне внимание на типот на леб што го користите за да го направите тостот од авокадо. Зрната што ги содржи авокадото се корисни за контрола на холестеролот и шеќерот во крвта. Ако користите леб од пченица, проверете дали има најмалку 5 грама влакна по порција.

Негативни страни:

Како и со било која друга храна, така и со конзумирањето на авокадото не треба да се претерува. Треба да се избегнува на тостот да му се додава премногу авокадо. Рестораните имаат тенденција да додадат цело авокадо на едно парче леб, наместо препорачан износ од една четвртина.

Придобивки:

Тостот со авокадо е добар избор за да го подобрите вашето здравје со маснотии и да се чувствувате сити. Постои широк спектар на состојки кои може да ги употребите кога правите тост. Затоа избегнувајте да употребувате премногу авокадо, а додадете други состојки како што се јајца, пушен лосос или семки од сончоглед.

 

  1. ГРАНОЛА

Предности:

Гранолата може да биде без глутен и полнa со здрави состојки како што се оревите, семиња и овес. Исто така содржи и незаситени масти и некои протеини. Се препорачува само на оние кои се обидуваат да ја зголемат својата телесна тежина, бидејќи содржи многу калории.

Негативни страни:

Има тенденција да биде најлошата здрава храна што луѓето можат да ја консумираат. Гранолата што ја купувате од продавница во себе може да содржи многу скриени шеќери и масти. Во просек може да содржи 450-600 калории по оброк со големина на чаша, што е премногу.

Придобивки:

Ова не е најдобра опција за вас, ако сакате да ја намалите вашата телесна тежина.

Ако една чаша измешана со млеко може да извади повеќе од половина од вашиот калориски додаток за денот, тогаш не е достојна здрава храна за консумирање. Обрнете внимание на етикетата кога ја купувате гранолата за да бидете сигурни дека немаат скриени шеќери и масти.

 

  1. ХРАНЛИВИ ЗАКУСКИ (NUTRITION BARS)

Предности:

Хранливите закуски се добри за оние моменти кога сме во движење или брзање. Се препорачуваат оние кои како состојки во себе содржат ореви, бадеми, чоколадни коцки и путер од кикирики. Сето ова можете да го прочитате на етикетата на производот. Најдобри се оние хранливи закуски кои во себе содржат повеќе од 5 грама влакна, помалку од 150 калории.

Негативни страни:

Секогаш на прво место ставете ја вистинската храна па потоа хранливите закуски. Тие се може да содржат многу шеќери и да ви го покачат нивото на шеќер. Хранливите закуски не треба да содржат повеќе од 11 или 12 грама шеќер. Ако читајќи ја етикетата повеќето состојки на неа не можете да ги препознаете, многу веројатно е дека тој производ и не е толку добар за вешето здравје.

Придобивки:

Обрнете внимание на етикетите при изборот на најдобрите производи за да бидете сигурни дека нема додадено шеќер и дека можете да ги препознаете состојките. Ако содржат над 11 или 12 грама шеќер тогаш најдобро е да изберете различна закуска, како што се неколку бадеми, ако сте во движење.

 

  1. МЛЕКО ОД БАДЕМИ

Придобивки:

Содржи малку калории. Бадемовото млеко е одлично за луѓе кои бараат нешто вкусно. Се препорачува купување на незасладено бадемово млеко, бидејќи нема додадени шеќери.

Негативни страни:

Иако бадемите се добар извор на протеини, бадемовото млеко не е. Исто така содржи малку калциум во споредба со другите млека. Некои бадемови млека ја содржат состојката карагенан во нив, а ние немаме корист од оваа состојка во исхраната. Таа се користи за да се згуснат производи како што се млеко и јогурт. Затоа избегнувајте ги производите кои ја содржат оваа состојка.

Придобивки:

Изберете каков тип млеко ќе купите врз основа на тоа што му е потребно на вашето тело. Бадемовото млеко може да биде најдобро за вашата исхрана ако барате нискокалорична исхрана. Но, ако имате низок калциум или протеини, можеби ќе треба да преминете на друг вид млеко.

 

  1. ЗЕЛЕНИ ЏУСЕВИ (СОКОВИ)

Придобивки:

Со почесто конзумирање на џусеви односно сокови, во нашата исхрана додаваме повеќе овошје и зеленчук.

Негативни страни:

Луѓето многу често ги мешаат џусевите (соковите) со популарните смути. Џусевите ги отфрлаат непроценливите влакна и може да доведат до брзо качување на шеќерот но и негово брзо опаѓање. Самото приготвување џус, го лишува овошјето од влакната кои ги содржи, а ги остава шеќерите. Се препорачува овошјата и зеленчукот да се јадат наместо да се пијат.

Придобивки:

При подготвување на џусот, најдобро е да се користи само еден вид овошје, а останатите состојки да бидат зеленчук. Ова помага да се намали количината на шеќер во пијалокот. Но, ако се обидувате да изгубите тежина, можеби би било подобро да ги јадете овошјето и зеленчукот наместо да ги мешате заедно. Во просек на возрасна жена и требаат 25 грама влакна, а на возрасен маж 38грама.

 

  1. ПРОТЕИНСКИ НАПИТОЦИ

Предности:

Ако нарачувате пијалак или шејк, гледајте да ги одберете сите природни состојки и ограничете го додатокот на шеќер во форма на мед. Протеинските шејкови можат да ви обезбедат многу протеини кои му се потребни на телото. Бидејќи е во течна форма, телото брзо го вари, што овозможува и брзо дејствување. Ова е добро за обнова на мускулите по интензивен тренинг. Ако го земате како оброк, шејкот помага да се забави дигестијата на шеќерите.

Негативни страни:

Постојат студии кои покажуваат дека џвакањето цврста храна праќа сигнали до нашиот хипоталамус, регион на мозокот кој е одговорен за ситост и симптоми на глад, дека сме полни, па се препорачува наместо пиење шејкови, да се јадат овошје и зеленчук во цврста форма.

Придобивки:

Се зависи од тоа што ставаме во шејкот и времето кога го пиеме. Ако го пиете протеинскиот шејк за да си помогнете по напорниот тренинг тогаш тој би бил одличен за мускулите во вашето тело. Но, овие шејкови нема да ви помогнат да ја намалите телесната тежина, ако тоа е вашата цел.

 

  1. КОНЗУМИРАЊЕ ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

Предности:

Пиење јаболков оцет може да ви помогне со оглед на фактот дека јаболковиот оцет е добра анти-габични течност. Исто така, докажано е дека го намалува нивото на шеќер во крвта и им помага на луѓето кои имаат дијабетес. Направени се истражувања кои покажуваат дека јаболковиот оцет помага при губење на телесната тежина. Исто така, му помага на телото полесно да ја вари храната.

Негативни страни:

Треба да запомнете дека повеќето јадења односно пијалоци, како што се зелениот чај, зачинета храна или јаболковиот оцет, само малку го подобруваат метаболизмот, но секако дека не се доволни да се ,,борат” со голема плескавица со помфрит. Значи, јаболковиот оцет не е најдобра опција ако се обидувате да ја користите за борба против она што веќе сте го изеле за тој ден.

Придобивки:

Ако сакате да го намалите нивото на шеќер во крвта тогаш ова може да биде добра опција за вас. Но, сè уште нема доволно податоци кои покажуваат дека може да ви помогне при губење на телесната тежината.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com