Практични совети за домаќинките (III дел)

0

ШТО СО ОТПАДОЦИТЕ?

Пред да се одлучите да го фрлите остатокот од јадењето и пиењето секогаш помислете дека може нешто да се искористи. Неколку совети во тој смисол, значително ќе ви помогнат да искористите многу од тоа што сте сакале да го фрлите.

– Преостанатиот оцет од минатогодишната зимница можете да го употребите за миење на стаклена амбалажа, чаши, шишиња и др.

– Бесплатен зачин можете да добиете од течноста што ви останала од козервата грашок или боранија. Таа содржи корисни состојки, што можат да се употребат за време на приготвување на друго јадење: на пример чорби или сосови. Течноста од конзервата можете да ја сочувате неколку денови во фрижидерот, ако ја налеете во чиста тегла.

– Преостанатиот варен или печен компир може да се користи наредниот ден, ако му додадете едно јајце и малку брашно, обликувајте мали крокети и испржете ги на жешко масло.

– Остатоците од салатата од компир, можат да се искористат како основа за друга мешана салата. Додадете домат, краставица и тврдо варени јајца и ќе имате вкусно вечерно предјадење.

– Несолената вода во која сте го вареле комирот или гравот е одлично средство за чистење флеки.

– Водата од варен ориз ќе им даде на свилените алишта одличен сјај, ако ги исперете со неа.

– Остатоците од недопиено пиво можат да послужат за:

    Нега на мебелот пресвлечен со кожа. Истријте го мебелот со крпа натопена во пиво.
    Листовите на цвеќето и зеленилото ќе ги освежте ако ги попрскате со пиво.
    Во недостиг на лак за коса, за зацврстување на косата употребете пиво.

– Од скиселеното вино можете да добиете одличен оцет. Налејте вино во шише со пошироко грло, додадете парче од средината на кришка леб и оставете го да стои така околу еден месец.

– Во остатоците од исцеден лимон ставете малку сода бикарбона тоа е одлично средство за миење заби.

– Од лимонот ќе добиете поголемо количество на сок, отколку обично, ако пред цедење го валкате со дланката по масата.

– Ако од лимонот ви се потребни само неколку капки сок, издупчете го со игла за плетење, а подоцна дупките покријте ги со селотејп.

– Талогот од испиеното кафе е одлично средство за освежување на црните ткаенини. Талогот треба да се налее со вода, да зоврие, да се процеди и во таква вода да се потопи исперената ткаенина.

– Мирисот на лук и кромид од рацете, успешно се остранува со талог од кафе.

– Од лушпите од јајце може да се има исто така повеќекратна помош:

    Со нив многу добро се чисти талогот од садовите кои инаку тешко можат да се измијат.
    Ако се иситнат и отстојат два дена во сад со вода многу се корисни за поливање на цвеќето.
    Истрошени и ставени во платнена вреќичка им даваат убава белина на алиштата, ако ги ставите во водата во која перете алиштата.

– Преостанатиот бајат леб не е за фрлање. Од него може да се направи:

    Трошки за похување. Прво се печат во рерна парчињата леб и се мелат во машина за мелење ореви.

– Топлите сендвичи од бајат леб се прават на тој начин, што исечените парчиња леб се натопуваат прво во млеко, а потоа помеѓу две парчиња треба да се стави тенко исечено сирење. Вака приготвени се натопуваат во изматени јајца и се пржат во жешко масло.

– Слатка пита од бајат леб приготвуваме на следниот начин: во плех за печење наредете тенко исечени парчиња леб. На истите ставете парчиња од јаболко и посипете ги со суво грозје. Така гарнирајте повеќе редови, а на површината на горната кора од лебот ставете тенки парчиња путер и сето ова налејте го со млеко. Овој колач печете го на силен оган, а кога ќе биде готов посипете го со шеќер во прав.

ПРАКТИЧНИ МЕРИ ВО ДОМАЌИНСТВОТО

Често во домаќинството недостига вага. Покрај многуте мерички со помош на кои може да се мери течност и покрај измерените прехрамбени продукти како што се брашното шеќерот, гризот, одлично може да послужи и мерењето со лажица, мало лажиче и шолји.

Течности:

    ¼ литар – шолја за млеко
    1/8 литар – 8 полни лажици

1 кафена лажичка:

    шеќер – 5 грама
    гриз – 3 грама
    брашно – 3 грама
    ориз – 5 грама
    нишесте – 2 грама
    шеќер во прав – 3 грама
    мелено кафе – 2 грама
    прашок за печиво – 3 грама
    сол – 5 грама
    мед – 6 грама
    вода, масло, млеко – 5 грама

1 супена лажица:

    шеќер – 15 грама
    гриз – 12 грама
    брашно – 10 грама
    ориз – 16 грама
    нишесте – 10 грама
    шеќер во прав – 10 грама
    мелено кафе – 6 грама
    какао – 6 грама
    млеко во прав – 8 грама
    прашок за печиво – 10 грама
    сол – 15 грама
    мед – 20 грама
    вода, масло, млеко -15 грама
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com