Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Почетоците на славните богаташи

0

Кога ќе се спомене познато име на некој од богатите луѓе, човек може да почувствува потреба да стане од почит.
Рецептот за стекнување пари гласи:

    3 големи лажици среќа
    1 ронка шарм
    50 капки самодовербa
    1,5 л оптимизам
    Сето ова добро се мати и се прелева со 500 кг. упорна работа.

ЦЕЗАР РИЦ

MERIAN London Savoy HotelТринаесетото по ред дете во едно швајцарско семејство од Нидервалд, уредно го чувало татковото стадо овци во долината на Рона. Бидејќи по темперамент се разликувал од останатите деца, а особено по својата тврдоглавост, родителите го дале да го учи ковачкиот занает. Само неколку дена подоцна, Цезар дошол дома одлучно соопштувајќи им на своите родители дека сака да биде келнер во некој хотел.

И така, едвај добил работа во хотелот КОРОНА во Бриж. Еден ден случајно дознал дека во Париз се отвара некоја голема светска изложба и дека на гостилницата и се потребни многу келнери. Така Цезар Риц за првпат доаќа во градот на светлината. Сакал да ги запознае сите детали на својот занает и пред спиење да ги запишува сите впечатоци и неправилности, што ги забележувал на работа. Набрзо се прочуле неговиот претприемачки дух, смислата за организација и завидната култура.

Еден ден во хотелот во кој работел, пристигнала група од 40 Американци. Раководството на хотелот, кршејќи ги прстите на рацете, никако не можело да изнајде начин, како да ги загрее собите, бидејќи греењето токму тој ден се расипало. Лекот го измислил, се разбира Цезар- во секоја соба ставил котлиња полни со вџарен јаглен, а под секое од нив ставил врели камења.

Тоа делувало толку романтично и ефикасно, што директорот на хотелот НАЦИОНАЛ го викнал и веднаш го назначил за директор на истиот.

По неколку години во Баден-Баден го изнајмил својот прв хотел, што претставува револуција во хотелиерството. Имено, Риц внел толку ексклузивни новитети и погодности, што сите елитни гости од сите страни навалувале да отседнат токму во неговиот хотел, кој наскоро и самиот го откупил. Оттогаш започнала плимата на новите хотели со негово име.
Принцот од Велс признал: Се уште не сум слушнал дека некој друг, освен Риц, успеал да го ангажира Јохан Штраус со виенскиот симфониски оркестар да свири за време на вечера.

ИСТМЕН КОДАК

kodakМалиот Истмен имал само 13 години кога решил да вложи пет долари на сопствената сметка во банка. Прераната таткова смрт, го принудила самостојно да се издржува на разни начини и притоа секогаш кога нешто ќе заработи, по малку и да заштеди.

По неколку години станал сметководител во банка. Една вечер, кога се вратил од посетата кај некој негов пријател фотограф, во весник прочитал упатство како се прави смеса од желатин, со која се премачкуваат стаклени плочи, за да истите станат почувствителни на светлина.

Тоа откритие, толку го окупирало што се осмелил да даде отказ во банката во која работел. Веднаш преуредил една неугледна просторија во лабораторијата и вработил еден помошник. Премачкувањето на стаклените плочи со емулзијата на Истмен, станал таков хит што тој итнно морал да отпатува за Лондон, за да го пријави својот патент. Враќајќи се дома на своите пријатели им ја соопштил својата одлука да отвори фабрика за фотографски плочи.

Набрзо потоа, добил најголемо одликување на меѓународната изложба на пронајдоци, а веднаш потоа, го конструирал својот прв фотоапарат. Сопственици на истиот станале кралската двојка Едвард vii и Александра. Меѓутоа, Кодак сфатил дека тие апарати се толку скапи и недостапни за обичниот човек, така што наредните пет години ги поминал размислувајќи како да направи апарат за секого.

Така настанала претходничката на автоматската камера и на стотина милиони долари, кои се слеале на сметката на некогаш сиромашниот книговодител.

Ако и не знаевме кој го измислил првиот подвижен филм, како и оној на кого не му штети дневната светлина, тешко дека било кој од нас пропуштил да придонесе кон богатството на КОДАК. Зарем никогаш не сте купиле Кодаков филм за вашиот фотоапарат?

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com