Порнографија во народните песни

0

„Сите спијат а ние сме сами“, користи либе мене ти! Жити се. Е, како да те искористам, што сакаш да кажеш со тоа? Да те искористам да ми испеглаш кошуља?.. ( ама сум глуп, де). „Милувај ме бакнувај бескрајно“ ( опаа, како мислиш да те милувам, а ерогена зона?..а ако ни се уарни ептен? Да не речам народски ако ни се дигне. Што праиме! Е, типкава стварно била безобразна, уште одозгора ми праи „Јамб у најава“, демек не оди дома рано ти, прекрасна е ова ноќ за нас. Иди бегај, ја сум ис домаќин чоек!

Во народното творештво многу често спомнувани епитети се „гајтан веѓи“, и демек онаа момана била „ т’нка ем висока“. Ајде да замислиме девојка со такви веѓи. Јеботе како оној Баџо од цртаните филмови со Попај. Како да има спојлери над очи и тоаа густи, црни, од уши до уши. Милина. Стварно е еротски, под услов да си перверзен. Уште озгора ако е „тенка ем висока“ шта да ти причам! Олива! Не ми е јасно како може некој да се пали на некоја ко костур со гајтан веѓи, која со својот мирис заудира од тазе музените јагниња. УУААААУУУ!!!. Узбудљиво!

„Море воденичаре, баш пријателе, море мојва снага твоја нека биде, сомели го житото!“. Е ај сеа, што сака да каже рибава. Демек ако ми го смелиш виното „ќе ти дам еднашка“. Уствари она и не даа, него он сам треба да си земе, ама ако му се уарни а на нејзе и снема жито за мелење, како ќе и „земе“ коа ќе снема више, а сезоната завршила. Е,.. ама затоаа тука има финта „Г 16“, после ќе дојде овесот, па р’ж, па после ќе дојде пченката, ќе треба за пченкарно брашно и така, А БЕ ЌЕ СЕ УТЕПААТ ОД ОНАКВЕЊЕ БЕ! Арно ама, сезоната вака или онака не може да трае 12 месеци а он нема ништо да заработи пари. Битно, да простите „изнаебан!“ А дома коа ќе го прашаат „абе заработи ли нешто“ тој само онака под мустак ќе си се насмее. Ех,.. И ја би играл така. Архаизмот во народните песни може секој да го толкува на свој начин. Впрочем во тоа се состои уметничката нишка на народните преданија. Арно ама,.. или ја сум чиста перверзија или не знам како да го протолкувам овој стих: „постела ќе биде мамо мојта рамна снага“. КРАЈ!
И така, ве поздрави една мома која е тенка ем висока, со гајтан веѓи, со рамна снага, која му плаќа на воденичарот у натура, која чека гости дома на порти и си легнуе на душечето за да може врз неа гостинот да си поспие, „додека сите спијат а они се сами!“

Е АЈ СЕА!!! КАЧИ СЕ МОМЕ НА КОЊА ЕЛАЈ СО МЕНЕ,…( каде бе?… а мори неесто кјути сеа, па ти каде!) Мора ли секој да знае, ебате беља. На крај ќе си кажеш „уметнички дојам“. Џакомо Казанова гомна да јаде наспроти коњаникот у песната! Море Велешанки, море Прилепчанки, Битолчанки,.. О’риѓанки,.. А СКОПЈАНКИ?… ааа не!!! ТИЕ НЕ СЕ У ФИЛМОТ „Т’НКИ ЕМ ВИСОКИ!“ Строго високи штикли и црни чорапи…. у најмања рука у Голф се качуе,.. јебо те коњ! ТИ ДА СЕ КАЧИШ НА КОЊ,.. КОЊУ ЈЕДАН! ….. ДЕМОДЕ!

И така,.. покрај се,.. владата вели… „РАЃАЈТЕ ДЕЦААА“ кој остане труден на трето дете – субвенција во висина на пакетче влажни марамици за „забришуење“. А НИШТО?!? Ааа?!

Share.

About Author

Agim Jonuz

Остави коментар

Powered by themekiller.com