Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Победа што најавува поубави денови

0

Блескава победа на избраниците на Игор Ангеловски против Израел на жешкиот терен во Хаифа. Жежок не толку заради силината на домашната селекција, туку пред се поради неподносливата влага која не им дозволуваше на играчите да се движат како што посакуваат. Но и таквите услови не им пречеа на нашите фудбалери да доминираат на теренот, да создадат повеќе шанси и на крајот, со голот на неповторливиот Пандев да победат. Со воие три бода Македонија ја прави разврската на табелата поинтересна, а сега со поголем оптимизам се очекува дуелот со Албанија, во вторник во Струмица.

Одлично прво полувреме иако без голови во Хаифа. Македонија се покажа како многу подобар противник од домаќинот Израел во квалификациски натпревар за СП во Русија.

Првото возбудување во 21 минута кога Алиоски нафрли од слободен удар од десно, а Ристевски постигна се чини регуларен гол, но судијата Есков по мало двоумење покажа офсајд поради неправилната позиција на Несторовски. Домашните се заканија во 27 минута кога Бен Хаим ја искористи грешката на нашите одбранбени играчи, но неговиот удар беше скротен од Димитриевски. Во 33 минута за малку автогол на домашните. Повторно слободен удар на Алиоски, овојпат од лево, убаво нафрлена топка, а Цедек со глава пласира крај својот голман Глазер, а топката заврши во дирекот и се одби во поле. Пет минути подоцна Барди и Алиоски одлично комбинираат по лево, а нафрлената топка во идеална позиција Велковски ја зафати почетнички и шансата пропадна во неврат.

Вториот дел почна со нова голема шанса од прекин. Барди идеално нафрли од корнер, но Пандев немаше најдобра позиција за да ја прифати топката како што треба и успеа да шутне само крај голот.

Во 60 минута најдобра шанса на домашните, кога Хемед бие многу опасно, а Димитриевски на чудесен начин одбрани. На одбиената топка налета Захави, но Ристовски ја исфрли во корнер во последен момент. Во 66 минута повторно Захави е во шанса кога бие од полудесно, а Димитриевски е малку несигурен, но сепак ја исфрла во корнер.

Во 74 минута 1:0 за Македонија. Нововлезениот Елиф Елмас доби една топка на триесетина метри од голот и идеално го пронајде Пандев зад противничкиот бедем. Искусниот стрелец не размислуваше многу и рутинирано го надмудри младиот домашен голман за голема радост на нашите фудбалери. И сосем за крај, во судиското продолжение Алиоски откосо од лево одлично шутира а топката заврши во  корнер.

Превземено од Нова Македонија
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com