Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ПЕТ НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ ЗА БРАКОВИТЕ ВО КОИ НЕМА СЕКС!

0

Дали браковите во кои нема секс се осудени на пропаст или брачниот однос без интимност може да биде среќен?

‘‘Луѓето не влегуваат во врска само поради сексот и иако на почетокот е многу значаен за повеќето двојки,тој всушност не го одржува бракот во живот.Мислам дека моќта на партнерство во бракот не е доволно препознато во нашто општество.Тоа е она поради што бракот функционира, а не сексот‘‘,изјавила во една прилика легендарната британска актерка Helen Mirren.

Со неа се согласуваат бројни психолози и психотерапевти,кои тврдат дека голем број на двојки наоѓаат среќа во браковите без секс.

Дали може бракот без интимен однос да опстои?Всушност тоа е прашање кое ги мачи многумина, а стручњаците имаат јасен одговор.МОЖЕ!

1.Осудени на пропаст

Долгогодишниот брак полн со стравствен и редовен секс е само мит.Се разбира има двојки кои успеваат со години да одржуваат еднаков интензитет на хемија како на почетокот на врската,но тие се реткост.Обврските и децата најчесто внесуваат потполно поинаква динамика во интимата на сопружниците.

Немаме повеќе доволно време за себе,ни се менуваат приоритетите и потребите, а страствената љубов од почетокот на врската и бракот, доживуваат трансформација.За успешен брак,пред се е потребно многу меѓусебно разбирање и почитување.Бракот може да се преживее без секс, но не и без овие две работи.

2.Ако во бракот нема секс,тоа значи дека ја снемало привлечноста

Стручњаците велат дека недостигот на привлечност, ретко е недостиг на сексот во бракот.До тоа најчесто доаѓаат други фактори,како на пример стресот,работните обврски и здравствените проблеми.Партнерот и понатаму може да Ви биде еднакво привлечен,но тоа нема да даде поттик на Вашето либидо.

3.Кога сексот еднаш ќе престане,нема враќање на старо

Погрешно.Врските и браковите имаат многу фази.Често се случува сексот да престане од потполно оправдани причини,како доаѓање на детето,болест или било каков облик на тежок стрес.Ако двојката се потруди да гледа на таа фаза на својот брак со разбирање,од можат да излезат посилни и повторно да ја воспостават интимната врска,кога за тоа ќе дојде време.

4.Нема решение за овој проблем

Слабото либидо не е ретка појава.Кога ќе се најдете во ваква ситуација можете еден на друг да се налутите или едноставно можете да се обидете отворено да разговарате за тоа,зошто во Вашиот брак нема повеќе секс.Двојката мора да си постави едноставно прашање-што е причината за намалената желба за секс?

Здравствениот проблем кој треба да се реши? Пропишаните лекови кои го ослабуваат либидото?Емотивниот проблем кој го криете во себе?Финансиски или работен стрес?Многу има причини поради кои  сексот може да престане и додека не го најдете вистинскиот ‘‘виновник‘‘ не можете  да се справите со ситуацијата.

5.Во односот без секс се губи љубовта и поврзаноста

Ова е еден од најголемите митови за браковите без секс.И тоа како можете да имате брак полн со љубов и нежност без интимен однос.Можеби не сте повеќе спонтани и стравствени како на почетокот на врската,не ја губете главата поради секој допир, но тоа не значи дека повеќе не се сакате.Блискоста се развива на разни начини,а не само со сексуален однос.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com