Очилата го „скараа“ со Реал Мадрид, иако Роналдо воопшто нема проблем со видот

0

Сенешто има во модерниот фудбалски свет. Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, го налути својот клуб Реал Мадрид поради носењето очила од „погрешна фирма“ ако се има предвид неговиот договор со клубот од 7 ноември годинава.
Роналдо потпиша верност на „лос бланкос“ до 2021 година, со што си ја обезбеди својата иднина и кон крајот на третата деценија од животот. На Реал Мадрид, кој пак има договор со „Адидас“ што се однесува и на „сополнителната опрема“ на фудбалерите, не му се допадна што Португалецот се осмели да носи очила, направени од страна на „Најки“, и тоа на прес-конференцијата при потпишувањето на договорот со клубот.

Во светот на спонзорства и настапи во медиумите, тоа беше очигледно катастрофална грешка. Дури и еден од најдобрите играчи на светот не е изземен од строгите правила, зашто во прашање се милиони евра.

Роналдо воопшто не носи очила, но неговиот приватен договор со „Најки“ му направи проблем што злоупотреби настан во организација на Реал Мадрид, кој има целосна забрана за прикажување на производи на „Најки“ во нивните активности, за што напаѓачот бил информиран.

Паричната казна од клубот секако нема да го загрижи Роналдо, зашто се шпекулираше дека новиот договор на Роналдо ќе му донесе 19 милиони фунти годишно.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com