Од каде доаѓаат автомобилските амблеми (I дел)

0

Зошто логото на BMW нема никаква врска со авионите, од кого го присвоил „коњчето“ Енцо Ферари, што значи „бикот“ за Lamborghini, Готлиб Дајмлер не бил сигурен дали ѕвездата да има три или четири зраци…?

Во неколку наврати МИС ќе се обиде да фрли малку светлина врз мистериозната автомобилска Хералдика. Да ви открие од каде доаѓаат автомобилските амблеми?

BMW

Несомнено сте слушнале дека сино-белото лого е всушност стилизиран пропелер, сосема логична идеја за една компанија, која почнала пред 1916 со производството на авионски мотори. Но, вистината е далеку потривијална. Сино-бело карираната апликација на BMW e всушност директно позајмена од знамето на провинцијата Баварија (истите бои ќе ги најдете и во логото на фудбалскиот гигант Баерн). Историјата со пропелерот всушност дела од рекламата за една кампања во 1929 година.

1476025422-logos-8
Ferrari

Разбревтаното коњче во скок всушност воопшто не му припаѓа на Ferrari – тоа е омилен симбол на воздухопловниот ас од Првата светска војна, грофот Франческо Барака. Во 20-те години на минатиот век негови обожаватели го замоликле тогашниот автомобилски тркач, Енцо Ферари, да оддаде почит на пилотот, па „коњчето“ блеснало врз автомобил. Во 1929, кога направил сопствена компанија, Енцо одлучува да го задржи симболот, само му додава жолта позадина – во боја на неговиот роден град Модена.

1476031933-800px-fbaracca_1
Porsche

Тука нема ништо комплицирано: за амблемот на компанијата, фамилијата Порше комбинира елементи од грбовите на Штутгарт и на некогашната слободна провинција Виртемберг (по Втората светска војна таа се соединува со уште две германски области и денес грбот и е различен). Според легендата Фери Порше, синот на стариот Фердинанд, ја насликал првата опција на логото на салфетка во њујоршки ресторан, во април 1952.

1476031978-logos-6
Cadillac

Луксузната американска марка го носи името на францускиот авантурист и истражувач, кој ја основал првата населба на местото на денешниот Детроит (само типично во американски, е измешан изговорот – човекот се викал Антоан де ла Мот Кадијак). Логото на компанијата носи симболи од фамилијарниот грб на Кадијак – три шарени ленти, круна и шест патки кои сепак испаднаа при последниот редизајн пред петнаесетини години.

1476031971-logos-5
Subaru

На јапонски Subaru (акцентот е на вториот слог) името на расеан ѕвездeн куп во соѕвездието Бик, кој може да се види и со голо око. Оттаму и ѕвездите на логото, иако нивниот број алудира и на шесте јапонски компании кои во 1953 се здружуваат за да ja создадат Fuji Heavy Industries – производителот на Subaru.

1476031964-logos-4
Lamborghini

Феручо Ламборгини, италијански производител на трактори, од мал бил заинтересиран за шпанските борби со бикови. Токму при едно гостување на познатата фарма за бикови на Едуардо Миура му дошла идејата да прави и спортски автомобили. Речиси сите модели на компанијата се наречени по елементи од коридата (Murcielago, Diablo, Aventador, Reventon) на оружјето на борците со бикови (Еspada, Estoque) и природно и на самиот Миура. Исклучок е Countach – жаргонски восклик од провицијата Пиемонт за убава жена.

1476031946-lambo
Mercedes-Benz

Трикраката ѕвезда лесно можеше да биде и со четири крака. Во 1909 основачот на компанијата Готлиб Дајмлер ги патентирал и двете варијанти, очигледно несигурен кој амблем да го избере. На крајот се наметнува верзијата со три зрака, кои според едно гледиште го објаснува самиот Дајмлер и ја симболизира неговата желба компанијата да доминира во транспортот по копно, воздух и вода.

mercedes-benz-logo-photo
Saab

Куриозитетно е дека познатиот црвен грифон всушност воопшто не е на Saab, туку на производителот на камиони Scania. Митолошката птица е симбол на шведската област Сконто, каде е создадена компанијата и од каде доаѓа и името. Конфузијата започнува во 1969, кога Scania и Saab за кратко се спојуваат. Постепено и автомобилската компанија започнува да го користи грифинот. По банкротот во 2008, сепак Scania си го зеде логото и сегашниот наследник на Saab (кој сеуште не е започнат производство) нема право врз него.

1476031957-logos-3
Mitsubishi

Името на компанијата доаѓа од јапонските зборови mitsu – бројот три, и hishi – растението воден костен. Јатаро Ивадзаки кој го создава конгломератот во 1870 година, го измислува логото со трите ромба како комбинација од својот фамилијарен грб (ромбовиден лист од воден костен) и грбот на покровителот Јамаучи (три дабови листови).

1476031952-logos-1
Chevrolet

Компанијата е основана во 1911 од швајцарскиот емигрант и автомобилски тркач Луј Шевроле во партнерство со креаторот на GM, Вилијам Дурант. Во 1917 Дурант конечно ја откупува и ја вклучува во концернот. Имитација на логото се појавува за прв пат во 1913. Според една од приказните тоа е инспирирано од тапет во хотелот во Париз, во кој престојувал Луј за време на едно шоу. Според друга, Дурант го нуди како стилизирана верзија на швајцарскиот знаме – гест кон партнерот.

1476031939-chevrolet

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com