Од каде доаѓаат автомобилските амблеми (II дел)

0

Зошто Тојода го сменил сопственото име, која компанија е основана од шестмина браќа и зошто логото на Renault стоело на резервоарот?!

Во првиот дел ви раскажавме зошто логото на BMW нема никаква врска со авионските пропелери, од кого Енцо Ферари го презел коњчето во скок…Сега ви откриваме и други мистерии на автомобилската Хералдика.

Тoyota

Можеби знаете дека оригиналното име на компанијата всушност е Тоyoda – со „d“ наместо „t“. Именувана е по основачот Кичиро Тојода, кој добро се сетил дека фирмата за ткаење разбои на неговиот татко може да произведува и нешто повозбудливо. Уште во 30-тите тој ги направил потребните чекори, а името веднаш било променето – од една страна, поради звучност, а од друга, бидејќи во својата оригинална верзија носело лоша среќа- според традиционалното јапонско верување за броење на одделните црти при испишувањето. Според некои експерти во денешното лого се содржат сите букви од името Toyota. Првото лого на Тоyota било вистински кошмар според распоредот – стилизирана варијанта на фамилијарен хиероглиф. Дури во 1989, за 50-тиот јубилеј на компанијата, се појавило сегашното лого од три овални насликани волани стилизирани во латинското Т.

Volvo

Шведската компанија е основана во 20-тите години на минатиот век со идејата да произведува лежишта. Оттаму и името: volvo e прво лице еднина на латинскиот глагол volvere – се тркалам. Од лежиштата доаѓа и оригиналната тркалезна форма на логото. Малата стрелка, додадена во 30-тите, е симбол на римскиот бог на војната Марс – кое за Швеѓаните упатува на референца кон сигурноста на нивните производи.

Infiniti

Луксузната марка на Nissan дебитираше во 1989 година со логото што според компанијата претставува две линии – можеби автомобилски пат, кои водат кон бесконечноста. Некои распоред открива во него и лесна сличност со традиционалниот симбол за бесконечност (на англ. Infinity) – свртена хоризонтална „осмица“. Други откриваат сличност со пица од која некој веќе си пресекол едно парче.

Maserati

Италијанската компанија е основана во 1915 година во Болоња од петмина од шесте синови на машиновозачот Родолфо Мазерати. Но, токму шестиот син, сликарот Марио, кој инаку нема никаква врска со автомобилите, го создава логото на компанијата. Стилизираната маска е директна позајмен од една од главните знаменитости на Болоња – фонтаната на Нептун, со скулптура од ренесансниот мајстор Џамболонија. Црвено и сино во логото се боите на градот Болоња.

Rеnault

Компанијата е основана од браќата Луј, Марсел и Фернан Рено во 1899 и првото лого било само нивните монограми, испреплетени еден во друг. После кратко амблемот ја покажувала првата успешна машина на Renault, а исто така и FT17, која компанијата произведува во Првата светска. Денешната ромбовидна форма е прифатена во 1925, веројатно за погодност поради тогашниот остар раб на предната маска. Во 70-тите компанијата го вработува познатиот унгарски сликар и скулптор Виктор Вазари да го надополни логото.

Во III дел: Зошто круговите на Audi би требало да се пет и вистинската причина зошто е змијата на логото на Alfa…

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com