Нова готварска мода

0

Не знам дали сте пробале пржена гранка од целер, јадење со јачмен или филе од ној. Ако веќе сте го сториле тоа, Вие совршено ја следите модата. Но, доколку Вашиот вкус и вашето познавање на кујната, стигнало само до салата од пченка и ракчиња, тогаш сте во заостаток, десетина години. Ако е Вашиот избор пица, бидете без грижа. Таа е вечна.

Како и во модата, имињата на креаторите и дизајнерите поминуваат, а на нивно место, стигнуваат нови. Истиот закон важи и за исхраната, па некои јадења и начини на приготвување станаа демоде. Со помош на гастрономските критичари Едуард Распели, Пол Марти, Лео Пескорал, Маурицио Тедеско и моментно големиот готвач во мода Џан Франко Висани, направена е класификација на храната и новитетите во кујната. Тоа се јадења ин, јадења аут и евергрини. Всушност, забавен и необврзан начин, за да се потсетиме на обичаите во исхраната на нашето време.

ЈАДЕЊА „ИН“

„Космополитен Мартини“ е коктел број еден во светот, а неговото име е всушност име на познатиот пехар. Во „Гранд хотел“ во Рим, барменот Маурио Лоти, светски првак за приготвување коктели, го сервира во најфини чаши, што се изработуваат во Турција. Неговите состојки се: вотка, коантро, крембери џус и лајм џус.

Торти, ама со натпис „Еввива!“. Ваква торта со чоколадна глазура, дебитирала на отварањето на новиот Парламент во Италија, а ја приготвила Џулијана Олчезе, координатор за уставни реформи. Оттогаш сите амбасадори и претседатели само така слават.
Триумф на калинката.максимум на гурманското доживување е спојот на дивеч, тартуф и калинка. Ова го препорача младиот шеф на кујна Франческо Бракали од монденскиот ресторан “Бракали” во Маса Маритима. Зрната од калинка сега секаде се појавуваат и тоа не само поради нивната убава боја, туку и поради вкусот што го поврзуваат прехрамбените продукти. Сакате ли да ги воодушевите Вашите гости, донесете на маса полска салата со млади листови спанаќ и зрнца од калинка. Успехот е загарантиран!

Сирење од бафало. Мора да биде автентично, со боја на порцелан, по малку да се тресе кога се сече. Се чува во сопствената сурутка, во добро затворена кеса, која пред послужување се става во млака вода. Само неколку минути. и ако сакате навистина да одите во чекор со времето, отворите шише шампанско, што прекрасно оди со ова сирење.

Јачмен. Здрав е и модерен, бидејќи му годи на организмот. Оваа житарица е во голема нагорнина помеѓу гурманите за здрава исхрана, односно оние кои сакаат да го спојат здравото и вкусното. Јачменот значи можеме да го препорачаме и тоа како рижото, како прилог прелиен со сос од печурки, најдобро вргањ.

„Рижото а ла Д Алема“, а тоа значи на начин на италијанскиот претседател на владата. Рецептот е откриен со помош на аматерски филм, снимен пред Д Алема да стане премиер, кога тој приготвувал рижото со печурки, при што не го потпржил кромидот, туку го обарил во малку вода. и во тоа е тајната. Потоа му додал малку ориз.

Целерот. стана авторски додаток на готвачите, а го има повеќе видови. Оној белиот, во главица, ставен во брашно, па во масло, се служи со рендан пармезан. Потоа, модерна е и салатата од целер и варен кромид, а посебен ефект се добива ако целерот претходно го пропржите малку.

Месо од ној. Ако наидете на ној со главата во песок, земете една шницла истолчете ја. Ако го нема, побарајте го во најблиската самопослуга. Негова предност е што содржи минимум маснотија и низок процент на холестерол. Прв го лансирал ресторанот „Конте Росо“ во Милано, пред три години, а денес тој ресторан троши по 12 килограми месо за една седмица.

Темпура. Заборавете ги шкампите. Денес во мода е темпура, јапонска лесна мешавина на брашно и вода, во кое се валка месото или зеленчукот пред пржење.

Годината на црното вино, 1997, била историска година во бербата на грозје за црно вино. Поради тоа, доколку во 2002 сакате да наздравите, уште отсега резервирајте црно вино од 1997 година, бидејќи тогаш ќе биде најдобро!

ЈАДЕЊА „АУТ“

Внимателно со лудите крави. Дали поради лудите крави или поради предупредувањата што помалку да се јаде црвено месо, сигурно е дека шницлата на жар, дефинитивно е демоде. А со неа отиде, исто така и стариот добар гулаш.

Путер. Што беше тоа? Маслиновото масло го победило со 10:1. А за предјадење, наместо леб и путер, изнесете на маса зеленчук на жар или во темпура.

Декорации. На удар се цветовите од домат растурени низ чинијата, но и листови од жалфија или магдонос, разнобојни зрна црн пипер. За што служат, освен гостинот макотрпно да бара нешто за јадење од чинијата.

Пченка. Болно се простуваме и од пченката. Таа навистина беше долго протагонист во волшебните повеќебојни салати и дојде моментот да и се каже: збогум.

ЕВЕРГРИН

Ова јадење го измисли Џузепе Чипријани во “Харис барот” во Венеција, каде некогаш одел и Хемингвеј. Тоа е всушност, свежо јунешко месо, зачинето, според рецептот на различни начини. Месото се лади, речиси до смрзнување, потоа се сече во речиси проѕирни листови, се зачинува со маслиново масло, црн пипер, сол и рендан пармезан. „Ова е повеќе од јадење, вели гастрономскиот критичар Паоло Ското, ова претставува животна филозофија“.

Чоколадо. Какво задоволство! Неправилно го обвинуваа дека му пречи на црниот дроб, дека предизвикува акни, дека е причина за холестеролот, но конечно дојде времето за одмазда. Откриле дека содржи фенилетиламин, супстанција, која има благ возбудувачки ефект, која делува на хормонот кој е одговорен за нашето расположение и задоволство. Еден совет: изберете секогаш фондан чоколадо, црно, со висок квалитет и не заборавите, со кафе да послужите по една чоколадна бомбона.

Коктел „Клу“. Ако Ве сметаат љубител на мартини, тоа е добра визиткарта. Овој извонреден коктел, повторно е во најголема мода. Тој содржи џин, со мал додаток на вермут(сув), што добро се меша во шејкер и потоа се налева во изладена чаша. Единствената новост е во декорацијата: тоа повеќе не се баналните маслинки, туку маслинки полнети со бадеми.

Нутела. Ова е еден вид крем од лешник, кој од своето настанување, веднаш по војната, до денес не ја познава кризата. Германците веројатно му дале друго име. Киндерлада.

Масло. Маслиново без сомнение. Тоа е навистина главен артикл на ова време и познавачите распознаваат многу особини на ова масло. Кога ќе послужувате чорби од зеленчук, или минестроне, не заборавајте да ги прелиете со малку свежо маслиново масло.

Пица. и веднаш знаеш што јадеш!. Изберете “маргарита” подебела и мека, ако сакате да бидете во тренд. Да, овој бесмртен фастфуд, доби позитивна оценка од нутриционистите, бидејќи тоа е многу врамнотежено јадење. А тоа е и најзначајно.

Шпагети. Секогаш се во мода, а здрави се. Пред се оние со домати и босилок. Тоа е јадење, кое како што смета Лео Пескароло, познат гурман, е впишано во генетскиот код. Шпагетите се предодредени да ги преживеат сите биотехнолошки иновации.

И бидејќи се сте чуле и прочитале, останете гурман, но бидете и “шмекер”, кога ќе се најдете на пазар со преполни тезги. Тука човек се учи на вистинските работи.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com