Никол Кидман проговори за својата најголема криза

0

Добивањето „оскар“ во 2002 година за најдобра актерка, требаше да биде еден од најубавите моменти во нејзиниот живот. Но, наместо тоа, професионалниот триумф значеше и своевидна пресвртница во животот на Никол Кидман, бидејќи според нејзиното искажување дошла до најниската точка на приватен план.

Австралиската супер-ѕвезда денес вели дека во тие мигови на слава преживувала „кошмарна осаменост“ бидејќи сфатила дека нема со кого да ја сподели радоста. Учестувајќи на сесијата „Прашања и одговори“ на неодамнешниот лондонски филмски фестивал, таа рече: „Добивањето оскар беше пресвртница, но не во смисла на мојот живот како актерка, туку тој ден ја истакна осаменоста кај мене бидејќи немав никој со кого ќе ја поделам радоста ниту на сцената ниту потоа во мојот дом. Си помислив дека е крајно време да најдам некој во кој би се вљубила“.

Големата вечер на доделувањето на „оскарите“ за Никол дојде набргу по разводот од Том Круз, настан што во тоа време беше главна тема на светските медиуми. Се зедоа во 1990 година, а се разделија во 2001 година што беше огромно изненадување за нивните обожаватели ширум светот.

Актерката која денес има 49 години, по ноќта на оскарите извесно време излегуваше со Лени Кравиц, за во 2006 година да се земе со музичарот Кит Урбан со кого и денес е во брак и има две деца.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com