Нема кај да бегаш!

0

Американската полиција, позната со своите многубројни идеи за „ловење“ на криминалците, во својот арсенал има нов објект, со што се намалуваат ризиците при „бркање“ на бандитите.

Тоа е прилично едноставен gadget, наречен Police Bumper’s Grappler монтиран напред на браникот на патролното возило. Уредот може да блокира некое од задните тркала на возилото кое е во бегство и го запира безбедно за неколку секунди. Имено, кога полицискиот автомобил ќе го стигне оној што го брка, со притискање на копче се активира „фаќачот“ (Grappler), а патролното возило застанува зад некое од задните тркала на она што бега. Широка мрежа на јаки жолти појаси се „распрскува“ на тркалото и се намотува силно и брзо околу него и оската, принудувајќи ги брутално да престане да се врти. Понекогаш силата е толку голема што може да се случи, зафатената гума да излезе од контурите.

Кај автомобил со заден погон маневрот е сосема доволен да го запре и блокира автомобилот. Кај автомобил со преден погон, полицаецот го отпушта јажето, приклучено на мрежата на доволно растојание, по што применува сила на сопирање на полицискиот автомобил за да престане се блокира возилото. И во двата случаи запирањето останува во права линија, па не се загрозуваат соседните автомобили во сообраќајот.

Новиот уред е прифатен многу добро од полицајците, бидејќи е многу посигурен и побезбеден отколку примената на полициската PIT техника – удар од позади на прогонетиот автомобил, кој може да ротира на патот и го присилува да запре поради губењето на контрола на управувањето.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com