НАЈУБАВИ ТОРТИ ПО ИЗБОР НА МИС

0

КРЕМ ТОРТА

10 јајца, 1 литар млеко, 2 готови шлага, 4 лажици густин, 4 лажици брашно, 4 лажици мармалад од кајсии, 200 грама сечкани ореви, 17 лажици шеќер.

Се матат белките со 10 лажици шеќер и кога ќе биде изматено добро, се додаваат 4 лажици мармалад. Претходно се намачкува правоаголен плех со масло а јадење и се посипува со шеќер во прав и сечканите ореви, а одозгора се става смесата и се пече на тивко околу 1 час и 15 минути. Кога ќе биде готово се превртува наопаку, за оревите да дојдат одозгора.
Фил: Се става 1 литар млеко да зоврие, а настрана се матат жолчките со 4 лажици густин, 4 лажици брашно и 7 лажици шеќер. Се остава филот да се излади и се премачкува врз изладената торта.
Одозгора се ставаат два изматени шлага.

ШАРБО ТОРТА

7 лажици млеко, 7 лажици шеќер, 2 јајца, 2 лажици свинска маст или маргарин, ½ прашок за печиво, 4 лажици какао, брашно по потреба. За филот: 500 грама шеќер, ½ литар млеко, 5 лажици брашно, 3 штангли чоколадо за готвење, 100 грама путер.

Од млекото, шеќерот, јајцата, свинската маст (маргаринот), прашокот за печиво се замесува тесто и се дели на пет кори: во двете се става по 2 лажици какао, а трите остануваат бели. Корите се печат наопаку на тенџере од 7-8 кг.
Фил: Се шпинува шеќерот со млекото, се ставаат полека 5 лажици брашно. Потоа се става чоколадото, путерот и се филуваат корите. Се посипува со мелени ореви.

 

РУСКА ТОРТА

12 јајца, 12 лажици шеќер, 10 лажици брашно, 100 грама шеќер во прав, 1 пакетче путер, 6 лажици мелени ореви, 700 грама млеко, 250 грама урми, желе бомбони, суво грозје (измешано).

6 цели јајца и 6 белки се матат со 12 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици брашно, 6 лажици ореви и сето ова се пече, во претходно намачкан плех.
Фил: 700 грама млеко се мати со 6 жолчки, 4 лажици брашно и се вари додека не се згусне. Се додава шеќерот во прав и кога ова ќе се излади се додава изматениот путер. На крајот се додаваат исечканите урми, желе бомбони и сувото грозје. Одозгора се става шлаг или чоколадна глазура.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com