Најскапите автомобили за 2016 година

0

За какви модели колекционерите потрошија најмногу пари во последните 12 месеци
Еве, 2016-та година помина, па сосема нормално на нејзиниот крај доаѓа времето за известување на она што се случи во неа. Ви претставуваме една листа на најскапо продадени автомобили на аукции низ светот. Сигурно ќе ви остави впечаток дека има само еден модел на Ferrari – нешто нетипично за италијанската марка, која секогаш се е смета дека нејзините машини се меѓу најскапите во светот. Во случајот, сепак за тоа има причина – во првата десетка на оваа листа е „дозволено“ само по еден претставник на бренд.

10. Cadillac Series 62 Coupe – 1.430.000 долари

Ако сте сакале да поседувате Cadillac, изработен од светското италијанско студио Ghia, ова беше вашата шанса. Од овој автомобил – Cadillac Series 62 Coupe од 1953 се произведени само два примероци. Едниот од нив е во сопственост на автомобилскиот музеј Petersen, а ова е втор. Интересно е дека двете машини се разликуваат во предниот дел на каросеријата. Продадената на аукција лани, изведба била сопственост на еден човек во текот на две децении. Таа има километража од 34.320 милји и е реставрирана од светскиот експерт Мајк Фенел. Автомобилот на два пати учествувал во Натпреварот за дизајн во Пебл Бич (Калифорнија), каде во 2002 година е изложен заедно до својот брат-близнак. Купето е опремено со 5,4-литарски V8 мотор со моќност 210 КС, кој работи со 4 брзински автоматски менувач од серијата GM Hydra-Matic. На секое од тркалата се поставени хидраулични сопирачки.

9. Pagani Huayra – 2.035.000 долари

Исклучително ретката Pagani Huayra од 2014 година беше предложена на аукција од RM Sotheby. Ова е еден од вкупно 10-те автомобили од моделот, продадени во САД. Тој се одликува по бојадисаните во сино карбон елементи на каросеријата, а исто така и по сребристосивите тркала од лесна легура. Внатрешноста исто така е импресивна со бела кожа на седиштата, како и страниците на вратите и в детали од панелот. Како и со другите Huayra, така и тука има голем број на алуминиумски детали. Само дополнителни опции кај овој автомобил чинат 260.000 долари, а крајната цена како нов била 1,6 милиони долари. Тоа всушност е и првиот автомобил од овој модел, продаден на аукција.

8. Ford GT40 – 2.900.000 долари

Сте приготвиле сума за нова супер изведба од шест цифри, но производителот одбил да ви ја продаде. Со овој проблем се соочуваат некои луѓе кои на крајот на оваа година добија писма од Ford, со кои беа известени дека нема да можат да станат сопственици на новиот GT. Повеќето сигурно биле разочарани, но очигледно некој решил да не се откажува и се свртел кон класиката. Пред вас е 16-та од вкупно 31 примероци од серија Mark 1 во верзијата за нормални патишта, произведена во 1966 година Од фабриката излегува обоена во посебен зелена боја Warwick Green, а нејзиниот прв сопственик ја користел секојдневно. Во 1969 година автомобилот е купен од Рон Стафорд, кој исто така ја имал две години, додека еден ден не се првртел. Следните пет години возилото стоело во гаража, додека не се начло во рацете на реставратори. Тие го обновуваат речиси 5 години, за да го вратат на патот. Во 2015 година моторот на автомобилот се оштетил и таа повторно влегува во доработка. Ако на некого му се чини дека платени за тоа возило пари се премногу, нека не заборава дека токму Ford GT го победи Ferrari на 24 часа Ле Ман – неколку пати по ред.

7. Maserati MC12 – 3.024.000 евра

Најекстремните „граѓански“ автомобил на Maserati се базираат на Ferrari Enzo, а од моделот се произведени само 50 примероци. Иако е доста ретко, MC12 не е толку посакувано од колекционерите, колку Enzo. Тоа не ги спречува некои примероци да бидат продадени на аукција за повеќе од 2 милиони долари. Конкретното возило минало едвај 6.000 километри, откако бил целосно оставено во официјалниот сервис на Ferrari и Maserati во Модена. Во автомобилот е поставена камера која покажува што се случува позади – нешто корисно за возило без задното стакло. Како Ferrari Enzo, така и Maserati MC12 е управуван од атмосферски 6,0-литарски V12 мотор кој пренесува 630 КС на задната оска преку 6-степен менувач.

6. Ferrari 750 Monza – 5.225.000 долари

Како што споменавме, автомобилите на Ferrari секогаш биле најбарани од колекционерите. Ова 750 Monza од 1955 година не е исклучок, а особено кај него е дека останува речиси недопрен за време на целиот свој век при употребата, кој завршил кон крајот на 60-тите години. Машината учествувала во натпревари како 12-те часа на Зебринг, каде е управувана од Фил Хил и Керол Шелби и го освојувапрвото место. Следат успеси во САД и Мексико, кога зад воланот е Џим Хол. На крајот на кариерата пилотот почнува да дизајнира автомобили, но ја задржува оваа машина во гаража. Подоцна Хол ја реставрира и во текот на 20 години изведбата го обиколува светот, за да учествува во различни настани.

5. Bugatti 57SC Sports Tourer – 9.735.000 долари

Ова е еден од највредните автомобили на Bugatti продаден некогаш на аукција. Секоја машина од серијата 57 ужива огромна побарувачка меѓу колекционерите, но конкретно ова Bugatti 57SC Sports Tourer од 1937 година е многу драгоцено, бидејќи е создадено од британската работилница Vanden Plas. Поради тоа повеќе наликува на Jaguar или Morgan. Автомобилот влегува во книгата за историјата на Bugatti, а учествува во натпревари пред и по Втората светска војна. Сеуште е во одлична состојба, а порано било проценето на 11-13 милиони долари. На крајот е продадено за малку под 10 милиони. Отстапува сосема малку од Bugatti Royale, за што во 1987 се платени 9,8 милиони долари.

4. Mercedes 540 K Special Roadster – 9.900.000 долари

Се смета за еден од најпрестижните и најефектни автомобили од периодот меѓу двете светски војни, Mercedes-Benz 540 K, па неслучајно чини многу пари уште при излегувањето од фабриката. Тогаш со две Special Roadster верзии се продава за 28.000 рајхсмарки – околу 12.000 долари. Кога автомобилот доаѓа до САД, неговата цена скокнува на 14.000 долари, што е за 40% повеќе од најскапиот американски модел во тоа време – Cadillac V16. Возилото е опремено со 5,4-литарски во линија мотор со 8 цилиндри, кој е поставен само на 13 машини од моделот. Моторот работи во комбинација со компресор Roots и 4-брзински мануелен менувач. Првиот сопственик на автомобилот е милионерот Реџиналд Синклер, наследник на компанијата за стакло Corning Glass. Досега родстерот минал само 10.277 милји и се наоѓа во идеална состојба.

3. Shelby Cobra – 13.750.000 долари

Кога во 1953 компанијата AC го пласира на пазарот моделот Ace, овие машини се опремени со скромен 2,0-литарски во линија мотор со 6 цилиндри, кој развива 100 КС. Но, потоа излегува AC Cobra која еден господин на име Керол Шелби сериозно ја преработува. Оваа конкретна Shelby Cobra не е застрашувачки Super Snake со 427 КС, туку е верзијата CSX 200. Со овој автомобил Шелби се движи секој ден и не прави експерименти со неа. Во 1962 година новинари од списанието Road & Track го тестирале возилото и дошле до заклучок дека тој забрзува од 0 до 100 км / ч за 4,2 секунди. Ова се случува благодарение на 4,3-литарски V8 мотор кој овозможува развивање на брзина 246 km/h. Сите овие бројки се многу впечатливи за 60-те години на минатиот век.

2. Alfa Romeo 8C 2900B Lungo Spider – 19.800.000 долари

Експертите предвидуваат дека на аукцијата во Монтереј овој автомобил од 1939 година ќе се продаде за 25 милиони долари – и речиси погодија. При излегувањето од фабриката тој е сметан за најдобар спортски автомобил во светот, кој со карактеристиките и управливоста го остава зад себе дури Mercedes 540K. За конкретниот модел недостасуваат голем број историски податоци – но, се се` дознава дури по 1949, кога пристигнува во Бразил. Таму пилотот Марио Таварес остварува многу победи на различни натпревари, во кои учествува, а подоцна автомобилот е преработен во целост. Шасијата е намалена, а под хаубата е поставен мотор од Corvette. Во овој вид во 1972 година автомобилот се враќа во Европа, каде што сепак е вратен кон оригиналниот опција. Целосната реконструкција на машината завршува во 1999 година, кога таа се појавува пред публика на изложбата во ПеблБич. Таму заработува второ место во својата класа.

1. Jaguar D-Type – 21.780.000 долари

Во легендарното трка 24 часа Ле Ман има различни епохи, во кои доминираат различни производители. Во првата деценија на XXI век царува Audi, а Porsche ги диктира настаните на патеката во 90-, 80- и 70-тите години на минатиот век. Пред тоа модата ја запазуваат Ford и Ferrari, додека во 50-тите се` се врти околу Jaguar. Токму еден од победниците во култната трка е најскапо продаден автомобил за 2016. Ова е првата бројка од Jaguar D-Type, создадена за да ги повтори успесите на својот претходник C-Type. Овој автомобил е продаден на приватниот тим Ecurie Ecosse, а е во темносина боја и е украсен со крстот на Сент Ендрју присутен на шкотското знаме.
Во 1956 година шасијата со индекс XKD 501 победува на Ле Ман, управуван од Стирлинг Мос. До финалето стигнуваат само 14 од вкупно 49 возило, а токму овој D-Type е најголем победник.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com