Најскапиот стан во светот?!

0

На пазарот на недвижности во Монако се појави пентхаус, кој се наоѓа во највисоката зграда на кралството – Odeon Tower. Предметниот стан зазема пет ката од облакодер, а понудената цена е 335 милиони долари, што е апсолутно рекордна цена во станбениот сегмент.

Апартманот е со големина од околу 30.000 метри квадратни, а покрај стандардните простории за секое живеалиште, предметниот имот располага со базен со вода слајд и сала за танцување. На покривот на станот има различни зона посветени за рекреација. Иако со астрономска цена, неколку потенцијални купувачи веќе пројавиле интерес за имотот, но се уште нема конкретни аранжмани.

Претходно во текот на неделата, аналитичарите на консултантската компанија Savills соопштија дека за 2016 година просечната понуда на куќите достигна 2100 евра/m2. Од 2010 година досега цените на недвижностите во Монако расте во просек за 5,8% годишно.

Кралството се одликува со активен пазар при купопродажба, но исто така и во сегментот на кириите. Ианајмувањето за една ноќ надминува 300 USD, според податоците на Airbnb.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com