Највисоко Lego издание

0

Највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа, доби и највисока макета создадена од Lego елементи.

Изведбата е од вкупно 439 илјади делови, а за неговата конструкција биле потребни вкупно 5.000 часа. Височината изнесува дури 17 метри и тежи околу еден тон, а во него е сместено и импресивно LED осветлување, што кореспондира со она на оригиналниот облакодер.

Тој ќе биде дел од изложбата во една од шесте зони на Legoland Dubai, која се очекува да биде отворена за една недела. Билетите за огромниот парк ќе се по цена од 68 долари.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com