Народна медицина: Лекот е во храната!

0

Благодарение на диетологијата, која зазема значаен простор во светот на науката, исхраната се потврдува како основна рамка на доброто здравје. За тоа зборуваат и десетина илјади научни истражувања, објавени само минатата година, со кои се откриени благотворни својства на одделни прехрамбени продукти, а некои се и рехабилитирани

ВОДА, ВОДА, ВОДА…ОД ИЛЈАДА И ЕДНА ПРИЧИНА

Одамна е познато дека треба да се пијат повеќе течности, а со најновите истражувања, потврдено е значењето на минералните соли, што се наоѓаат во водата: калциум (неопходен во борбата против остеопороза), магнезиум (помага во превентивата против пореметување на работата на срцето и крвните садови), калиум (дава енергија). и конечно и еден куриозитет. На славините во Вашиот стан, се таложи варовник? Наспроти досегашното мислење, тоа е знак дека водата е богата со минерални соли.

ЗЕЛЕНЧУКОТ СО ЗЕЛЕН ЛИСТ ГИ ШТИТИ ОЧИТЕ

Спанаќот, келот, брокулата, зеленчукот со зелен лист воопшто, за цели 60 отсто го намалува ризикот за прогресивно и непоправливо губење на видот. Како што произлегува од истражувањата на Харвард, овие видови зеленчук, содржат два антиоксиданта, кои ја филтрираат светлината и ги неутрализираат слободните радикали, одговорни за настанување на болеста.

ДОМАТИ ВО СЕКОЈ СОС

Кој јаде домати десет пати седмично, за 35 отсто го намалува ризикот да заболи од тумор на простатата. Тоа е заслуга на ликопенот, антиоксидант, што му дава на доматот црвена боја. За организмот да ја апсорбира таа скапоцена супстанција, подобро доматот да биде варен и зачинет со неколку капки лимон, советува професорот Едвард Џованучи од Универзитетот Харвард. Значи доматот треба да се консумира што почесто, во вид на сок или сос,со кој е зачинета тестенина, ориз и како задолжителна состојка на јадењата од мешан зеленчук.

ЧАЈОТ-ПОВЕЌЕ ОД ПОПЛАДНЕВЕН РИТУАЛ

Традицијата на попладневно пиење чај е раширена во англосаксонските земји, која во 1600 година, ја вовела војвотката од Бедфорд, “опиена” од црната напивка, која од Кина, стигна во Европа. Денес ја подржуваат и стручњаците за исхрана. Бидејќи, кај луѓето, кои дневно пијат четири пати чај, помалку се јавуваат кардиоваскуларните заболувања, во однос на оние кои пијат само една до две шолји на ден. Тоа е претпоставка на професорот Михаел Хертог од холандскиот Универзитет во Билтховен.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЧОРБИ ОД ЗЕЛЕНЧУК

Чорбата од зеленчук со ориз и мешунки, супата со пржени коцкички леб, добро заситуваат и многу се корисни за оние кои сакаат да ослабат. Но се покажале делотворни и во превенција на болестите на срце и крвни садови, дури и кај некои видови тумор.

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СВИНСКОТО МЕСО

Поради маснотијата, свинското месо во последните децении, буквално е исфрлено од употреба. Денес, свинското месо, меѓутоа, содржи 40 отсто помалку маснотија, а значаен извор е на витаминот Б1, кој делува против заморот.

ОРИЗОТ-СИНОНИМ НА ЗДРАВЈЕТО

Основниот прехрамбен продукт во исхраната на народот на Далечниот Исток-оризот-содржи скроб, билни белтачини, витамини, минерални соли…Бидејќи е лесно сварлив, е идеален прехрамбен продукт за оние кои веднаш по ручекот продолжуваат со своите активности и сакаат да ја избегнат поспаноста. исто така, оризот е извонредно решение за приготвување на оброк набрзина, бидејќи, за да биде вкусен, не се потребни некои посебни готварски умешности. Може да се претвори и во комплетен оброк, ако му се додаде зеленчук (спанаќ, грашок, тиквички, боранија, пиперка, домат). Тоа е прехрамбен продукт со ниска калорична вредност, ако не се комбинира со тешки сосови или зачини.

ЛУТА ПИПЕРКА НАСПРОТИ ЧИРОТ

Луѓето кои имаат тегоби од чир, најчесто ги избегнуваат прехрамбените продукти, кои можат да им ги влошат тешкотиите, силно зачинетите јадења, алкохолот и лимонот. Но, од лутите пиперки не треба да се плашите, бидејќи се покажало дека во умерени количини, не предизвикуваат потешкотии.

КРОМИД И ПРАЗ ПРОТИВ НАДУЕНОСТ

Ја поттикнуваат функцијата на бубрезите и благодарение на тоа, придонесуваат за намалување на надуеноста, што денес е честа појава, како последица на стрес, недоволно соџвакување на храната, оброци изедени набрзина.

КОМПИРОТ- ПРИРОДЕН РЕГУЛАТОР НА РАБОТАТА НА ЦРЕВАТА

Богат со калиум, компирот ја регулира работата на органите за варење, ја воспоставува рамнотежата на солите и делува против замор. Но, неговите својства, зависат од начинот на приготвување. На прво место на скалата на здравјето е варениот компир или во фолија печен компир, потоа следи оној печен во рерна и на последно место, пржен компир, особено чипс.

ПРОТИВ ОСТЕОПОРОЗА: НЕ САМО МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Млекото, јогуртот, сирењата, се вистинско оружје против остеопорозата. Оние кои не сакаат, или не поднесуваат млеко и млечни производи или држат диета со намалена количина на маснотии, не треба да очајуваат. Одделни видови минерални води, кога е остеопорозата во прашање, делуваат како и млекото, под услов да содржат најмалку 300 милиграма калциум по литар.

ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ

  • Шеќерот може сосема да се исфрли од исхраната.
    – Точно. Организмот нема да “жали” за шеќер, под услов 60 отсто калории да се внесуваат во облик на комплексни јаглени хидрати: леб, тестенини, зеленчук со зелен лист.
  • Децата треба секојдневно да јадат зеленчук.
    – Погрешно. Доволно е да јадат зеленчук два до трипати седмично.
  • Ако се јаде помеѓу оброци, се зголемува телесната тежина.
    – Погрешно. Ако со режимот на исхрана се внесуваат потребните хранливи материи, четири до пет оброци, се поздрави од три. Според едно француско истражување, со кое биле опфатени 3.000 жени, се покажало дека дебелината поретко се јавува, кај оние кои имаат редовни ужини.
  • Витаминот Ц, може да предизвика несоница.
    – Погрешно. За ова тврдење не постои научен доказ.
  • Со современиот начин на исхрана, се внесува доволно витамини и минерали.
    – И точно и погрешно. Лицата кои држат нискокалорични диети или воглавно се хранат со индустриски прехрамбени продукти, не внесуваат доволно витамини Б6, Б9, Е и Д и цинк, па се зголемува нивната склоност кон заболувањата што се јавуваат по 60. година. Тоа не се случува кај лицата кои уредно и врамнотежено се хранат.
  • Кој пати од висок притисок, треба да ја избегнува солта
    – И точно и погрешно. Во Шведска се препорачуваат два грама сол на ден, во Италија околу шест, во Германија девет. Значи само за оние кои се “чувствителни” на сол,(тоа е 30 до 35 отсто жители на земјата) се препораката да се избегнува солта е точна, додека за оние кои не спаѓаат во таа категорија – погрешна. Инаку, за организмот е важно правилото: што се внесува повеќе сол, треба повеќе да се води сметка за односот на солта и калиумот. Значи, намалувањето на солта, треба да се надомести со миризливи зачини, овошје и зеленчук.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com