Мушко-Женско другарство

0

Може ли мушко и женско да бидат другари, ама онака прави? Да! WHY NOT! Ајде да видиме, што е тоа другарство меѓу мушко и женско. Се додека не ти текнуе на „оние работи“, мислам додека мислиш дека другарка ти Розе од уличката може да нана со тебе у кревет и да си дишете у врат ко братче и сестриче, се е ок. Арно амаа! Друго е кога Розе ти дише у врат у второ оделење, а друго е у втора година на студии. Не знам, јас немам такви искуства, ама не ми влегуе у глава дека на здрав, прав и ментално исправен дечко на Розе дишењето у врат не му се симиња до гаки и му праи промаја у боксериците. За да не набројувам, НЕ Е ИСТО АМА БАШ НИШТО од оној момент кога ке почне да те чеше нешто две педи под срцето.

Да прашам! Како би изгледало на маж/жена, да и кажеш „у Недела одам на пецање“ со кого ма/бе? А бе со другар/ка ми! Каде? Аууу што има едно место доле покрај Вардар кај Демир Капија, чоек не стапнуе таму! И? Како ке реагира муж/жена ти? НЕМА ПРОБЛЕМ! Па другари сте! Ееее,.. само ти иди си уживај и остани си раат! „А бе денес се сретнав со другар ми од основно“, златен е, колку го сакам, колку е добар, му верувам 100%! Молим?! Што не си го зема! ДА ТИБАМ И ДРУГАР ТИ И ТЕБЕ.

Жено, ја одам на викенд у Маврово. Со кого бе пијаничиште едно? Курвариште! А мори со другарка ми Благица од градинка сме дугари. Ептен. Страшна другарка ми е. Е браво. А што ке праите, ке учите математика? Не бе жено, онака друштво да ми праи, имаме исти погледи на свет. Браос бе мажу. А ја па мислев дека ке одиш со некоја ороспија! Ете,.. само ти дружи си се!

masko-zensko-drugarstvo-2

Дали машко и женско можат цел живот да бидат другари „без да си се посакаат?!“ Искуствата се разни, но секако резимето доаѓа оној момент кога созреваме и кога согледуваме дека љубовта не е само „ај гаси светло“, туку многу повеќе од тоа. Сите ликови од детството и младоста крај кои сме се чувствувале убаво остануваат во нашата свест и потсвест како ликови во кои гледаме топлина. Во некој дуг коридор на емотивни потреби, на чувство на заштитнички подадена рака во време на „Сцила и Харибда“, на времиња –невремиња и скитања низ животните лавиринти. Апсолутно, другарството зрее, менува форма и лик, менува одора, но една работа останува. Тоа е оној „Feeling“ на блискост, кој со текот на времето го менува својот лик од „другар/ка ми“ во нешто многу специфично. Во драг пријател/ка, во „како брат, како сестра“. Тоа е чувството на заштитнички насмев кој вели, „па ние сме 100 години другари“,.. сметај на мене ако нешто ти треба. Можеш да се потпреш на мене. Мојата врата е отворена за тебе. Во мојот дом си добредојден/а.

Љубовта е другарство, другарството е љубов. Се останато е не 55, туку 155 нијанси на сиво. ВЕЧНА БИТКА НА ДВЕТЕ ПЕДИ РАЗЛИКА ОД СРЦЕТО НАДОЛУ И ОД НАДОЛУ УГОРЕ КОН СРЦЕТО. Се друго е ментална сиромаштија. Празнотија. Негувајте си ги другари/ки те! Тоа е она што ве чини – луѓе!

НЕ Е СИРОМАШЕН ТОЈ ШТО НЕМА ПАРИ, ТУКУ ОНОЈ ШТО ГИ ИМА, А НЕМА КОГО ДА ПОЧЕСТИ КАФЕ. НЕКОЈ ТРЕБА ДА ЗАПЛАЧЕ И НА ТВОЈОТ ПОГРЕБ, НЕЛИ…. А ДА НЕ ТИ Е ОД ДОМА!

Share.

About Author

Agim Jonuz

Остави коментар

Powered by themekiller.com