Музиката на Моцарт предизвикува радост

0

На човекот кој нема музика во себе, како што пишуваше Шекспир, движењата на душата му се глуви како ноќ. Идејата музиката да влијае на човекот има вкус на древноста.

Хомер тврдел дека со неа може да се победи стравот, да не опорави од замор, или да не излечи од чума. Платон учел дека музиката ја омекнува душата и дека не е препорачлива во зрелиот период од животот, кој бара цврстина на карактерот и одлучност на постапките, додека Питагорејците ја докажувале хармонијата на вселената, со помош на интервали на одделни тонови од музичката скала.

И денес со сигурност се тврди дека музиката влијае на отчукувањето на срцето, крвниот притисок и активноста на мускулите. Секојдневно има се повеќе докази за позитивното делување на музиката на здравјето.

РАСПОЛОЖЕТЕ СЕ СО ШОПЕН

    – Ако сте напнати, слушајте смирувачката барокна музика на Бах, Вивалди, или звуците на природа, како морски бранови или „разговор“ на делфини.
    – Ако сте тажни, слушајте ја музиката на расположение, како што е онаа на Шопен или Чајковски или онаа која за Вас има посебно сентиментално значење.
    – Ако сте лути, слушајте гласна, ритмична музика каква што е на Бетовен, или тапани, репетитивен рок или поп музика.
    – Ако сте нервозни, слушајте ЦД со смирувачка музика по сопствен избор, или било која музика, со која можете да работите вежби за дишење и опуштање.

МУЗИКАТА И СРЕЌАТА

Значаен број психолошки истражувања, покажуваат дека соодветната музика, го поправа расположението. Индуцирањето на различни расположенија и емоционални состојби е постигнато со пуштање на различни композиции, почнувајќи од Моцарт, за Чија музика се смета дека предизвикува радост. Слушањето дневна доза музика од Моцарт го поправа рсположението, кај пациентите кои доживеале срцев удар, правејќи ги помалку депресивни и плашливи.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com