МОДАТА НА ‘‘ПОСИЛНИОТ‘‘ ПОЛ

0

Во текот на долгите столетија,машката облека ја одразувала имотнта и општествената положба.Денес сите тие разлики се значително поблаги, а тоа не е само тренд кај нас, туку и во целиот свет.

Без намера од пристојните граѓани да се направат некои модни кукли,ќе изнесеме некои основни правила за облекувањето,кои можат да придонесат кон поскладен изглед на работното место,на улица, па и дома.

ШТО,КОГА И КАКО?

  • Изборот треба да биде значително погрижлив,ако џебот е поплиток.Што е поедноставен костумот и понезабележителен,потешко е забележува дека се носи често.
  • За костумите за ден,најприкладни бои се сината и темносината,сивата во сите нијанси,светлокафената и темнокафената.Еднобојниот сив костум,особено потемниот,многу е прикладен за секоја пригода.Се разбира со соодветна кравата,кошула и чевли.Наспроти тоа,кафените и зелените костуми се исклучиво за преку ден,па според правилото,навечер не треба да се носат.
  • На високите мажи им се допуштени шарени материјали, а на ниските во линии или еднобојни костуми и тоа во прв ред,едноредни темни костуми.Костумите не треба да бидат премногу тесни,туку лежерни.При изборот на бојата,треба да се води сметка и на бојата на тенот и косата.Луѓето со светол тен,или со црвенкаста коса,ако не мораат,нека не носат кафени костуми.
  • Во комбинација костум-кравата- кошула,само еднаш треба да се појави шара.Ако имате шарен костум,се препорачува еднобојна кошула и еднобојна кравата.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com