МИС Блиц

0

ВРЕМЕ НА КИСЕЛА ЗЕЛКА

Добро е еднаш во две седмици да се воведе овошен ден, односно, тој ден да се јаде само овошје и покрај тоа, 100 грама кисела зелка.

Во една американска студија е установено дек тоа се одлични мерки за заштита од рак на дебело црево.Треба да се одбегнува мрсна храна, шеќер, месо, а да се јаде морска риба и билни масти. И секои пет години да се оди на преглед.

СТРЕСОТ ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ЌЕЛАВОСТА

На луѓето на кои им е загрозена егзистенцијата, може да им се случи наеднаш да почне да им паѓа косата. За време на психолошкиот стрес, се јавуваат кружни ќелави места. Кога ќе се отстрани причината за стресот, косата повторно почнува да расте. Се разбира постојат и други причини за кружното опаѓање на косата, но тие се уште не се откриени.

НЕОБИЧЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ

Психолошките тегоби можат да се појават во вид на осип на кожата, вели професор Д-р Фридрих Шрол од Клиниката за дијагностика во Висбаден.Тој, според тоа каде се појавил осипот, може да открие каква мака го мачи пациентот. Така на пример, ако станува збор за некој осип на лицето, тоа е т.н. повик за помош на околината.

ПОПЛАДНЕВНИОТ ОДМОР ГО ШТИТИ СРЦЕТО

Велика Британија го зазема првото место по бројот на заболени од срцеви болести, за разлика од медитеранските земји, во кои бројот на заболени е најмал. Иако се претпоставува дека една од главните причини е исхраната на сиромашните со заситени масти, група грчки лекари, сметаат дека попладневниот одмор, вообичаен на Медитеранот, е главна причина за помалиот ризик и тоа за цели 30 отсто.

Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com