МИС Блиц

0

ТРЧАЊЕТО ВЛИЈАЕ НА ПАМТЕЊЕТО

Стресот предизвикан од трчање го забрзува губењето на памтење. Оваа препоставка ја објави Изабела Хаузер психијатар на Институтот Макс Планк во Германија, вршејќи експеримент на суперактивни спортисти и група луѓе, кои малку се движат. Маратонците и џогерите кои седмично ќе претрчаат повеќе од 120 километри, создаваат поголема количина кортизон, хормон кој предизвикува стрес, влијае на меморијата и го забрзува стареењето на другите органи.

ЧОКОЛАДОТО ПОПРИВЛЕЧНО ОД СЕКСОТ

Кога би имале можност да избираат, 18 отсто анкетирани Канаѓанки, повеќе би се определиле за едно чоколадо, отколку за еден сексуален однос.Во областа на Квебек, овој процент се зголемува дури на 77 отсто. На прашањето зошто повеќе сакаат чоколадо, жените одговориле дека чоколадото предизвикува вистинска екстаза и дека по јадењето се чувствуваат прекрасно.

ТВ И ГУБЕЊЕ НА РАМНОТЕЖАТА

Долготрајното седење пред телевизорот, може кај децата да предизвика губење на координацијата на движење, несигурен од, губење на рамнотежа и често паѓање. Истражувањата на германските ортопеди покажаа дека 40 отсто од децата кои тргнуваат во прво одделение имаат слаби мускули и проблеми со координацијата на движењата, додека 60 отсто имаат проблеми со рбетот. За ваквата состојба, научниците го обвиниле малиот екран, кои ги држи децата неподвижни.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com