Меки батерии од Panasonic

0

Еден од производителите на електронска опрема од блиското минато се пренасочува кон нова гранка со многу можности за развој – производство на полначи, како и сосема нови пластични „меки“ батерии.

Со дебелина од само 0.55 mm, 3.8 волтните литиум-јонски батерии имаат три нивоа на полнење 17.5, 40 и 60 mAh, а по ротирање во круг со радиус од 25 mm или извртени до 25 степени, тие задржуваат меѓу 80 и 99 проценти од потрошениот капацитет. Оваа функција може да се повтори до 1000 пати.

Според компанијата, издржливоста главно се должи на надворешниот ламинатен слој, како и на структурата на „наредените електроди“. Развојот на технологијата продолжува со полна пареа, а до процесот на масовно производство се очекува дебелината на батериите да биде намалена.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com