ЛЕКОТ Е ВО ХРАНАТА!

0

ВОДА,ВОДА,ВОДА…ОД ИЛЈАДА И ЕДНА ПРИЧИНА!

Одамно е познато дека треба да се пијат повеќе течности, а со најновите истражувања, потврдено е значењето на минералните соли, што се јавуваат во водата: калциум(неопходен во борбата против остеопороза),магнезиум(помага во превентивата против пореметување на работата на срцето и крвните садови), калиум (дава енергија) и конечно и еден куриозитет. На славините во Вашиот стан се таложи варовник? Наспроти досегашното мислење, тоа е знак дека водата е богата со минерални соли.

ЗЕЛЕНЧУКОТ СО ЗЕЛЕН ЛИСТ ГИ ШТИТИ ОЧИТЕ

Спанаќот ,кељот, брокулата, зеленчукот со зелен лист воопшто, за цели 60 отсто го намалува ризикот за прогресивно и непоправливо губење на видот. Како што произлегува од истражувањата на Харвард, овие видови зеленчук, содржат два антиоксиданта, кои филтрираат светлина и ги неутрализираат слободните радикали, одговорни за настанувањето на болести.

ДОМАТИ ВО СЕКОЈ СОС

Кој јаде домати десетпати седмично, за 35 отсто го намалува ризикот да заболи од тумор на простатата. Тоа е заслуга на ликопенот,антиоксидант, што му дава на доматот црвена боја. За организмот да ја апсорбира таа скапоцена супстанца, подобро доматот да биде варен и зачинет со неколку капки лимон, советува професорот Едвард Џованучи од Универзитетот Харвард. Значи доматот треба да се консумира што почесто, во вид на сок или сос, со кој е зачинета тестенина, ориз и како задолжителна состојка на јадењата од мешан зеленчук.

Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com