Лапсусите се предавници!

0

Се чини дека мајчиниот јазик со кој секојдневно се служиме е осигурен од заборавање и дека прецизниот изговор на секој збор го знаеме во било кој период од денот. Сепак грешките во зборувањето не се реткост.

Многу од тие лингвистички грешки, звучат како добар виц, како намерно превртени зборови, што предизвикуваат смеење. Меѓутоа, тие се најмалку безначајни, бидејќи лапсусите, како што не уверуваат психолозите, се соодветни на нашата психолошка состојба, односно детерминирани се со нашите потиснати мисли.

Тоа се понекогаш оние зборови кои “ниту во лудило” не би сакале да ги изговориме. Предавнички. Поедноставно: ако Вашето свесно Јас сака да излаже, несвесното ќе Ве издаде.

Со оваа интересна тема се занимавал и познатиот психоаналитичар Сигмунд Фројд, како и некои негови следбеници, а од друг аспект и лингвистите. Така Фројд на “парафазија”(од грчките зборови пара, што значи промена и фасис – збор, говор, односно бркање букви или зборови) многу посветил внимание. При тоа тој истакнал дека овде не се работи за збор, како што многу јазични стручњаци се обидувале да објаснат и наметнат, за чисто лингвистички феномен.
Зад лапсусите стојат многу сложени психички процеси и речиси ниту една од нив не е случајна.

Има навистина многу примери и во прилика сме секојдневно да ги слушаме.

„Можно е да се погреши“, пишуваше Фројд. „Ако во близината, значи под прагот на свеста, се наоѓа друг, сличен збор, што не сме имале намера да го изговориме. Меѓутоа често ни ‘излетува’ збор со спротивно значење од оној што сме имале намера да го кажеме“.

Да речеме: „Дами и господа, оваа седница ја прогласувам за затворена, сакав да кажам за отворена“, рекол во една прилика претседавачот на една седница, од која не очекувал ништо добро и за која најмногу би сакал да е завршена.
Колкупати во друштво Ви се случило да направите лапсус, па и останатите да почнат ненамерно да ги нижат еден по друг? “За лапсусот може да се рече дека е заразен”, вели Фројд, но таа појава, како што и самиот признава, не знаел да ја објасни.

Се случува исто така да излезе од устата збор, што сме сакале да го сокриеме.

„Долго лекував една богата жена и веќе јасно се видело нејзиното излекување“. На своја вчудоневиденост изговорив: „Ако Вие, во што се надевам, наскоро не ја напуштите постелата…Во овој пример е очигледен мојот егоистичен мотив, богатата дама уште да ја негувам.“

Лапсус лингуае неодамна посрамоти една госпоѓа, која само поради една буква, ја издаде својата тајна врска. „Тој навистина знае пенис, пардон тенис“.

Вакви и слични примери, би можеле да набројуваме бесконечно. Затоа ќе заклучиме со едно наравоучение: ако нешто сакате да сокриете, ќе Ве предаде лапсусот, кога најмалку очекувате.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com