ЛАЖАМ, ЛАЖЕШ, ЛАЖЕ!

0

Тој што вика „ја никад не сум излажал“ да јаде мушмули со прелив од Еурокрем! Коа ќе почне некој да ми мудруе дека е чист као суза, дека никогаш не лаже, дека лажењето не е у ред, одма го стаам у фајл под наслов „а бе ај не јади говна“!

Во секојдневиниот живот онаков каков што е, сите живееме во еден огромен котел на лага, лажни информации, лажни слики и претстави, лажен морал, лажни пријателства, лажни надежи, а бе од десет нешта што ги имаш како информација, одма направи ревизија на единаесет (едно памтиме од карти). Сакале ние или нејќеле, мора да признаеме дека во свет на лажни информации, спинови, сите сме носители на платформа на лажна стварност.

Имаше една легендарна изјава на Горан Брегович пред многу години у која вика „ми смо једина земља у којој је комплимент некоме речи – е, баш си лопов“! Опстанокот во денешно време директно зависи од способноста да се манипулира и комбинира со информации. Што е трговијата? Коа некој ќе рече „тој е чесен трговец“ – ми иде да му ја опнам една. Па, самата трговија е превара бе! Купуваш ефтино, продаваш поскапо. Е, ајде де биди чесен и иди кажи му на муштеријата каде си купил ефтино! А!?

Лажат банкари, лажат попови и оџи, лажат политичари (с‘ краја да е, пу,..пу) лажат медиуми, лаже секој втор што ке те види на улица и ќе одглуми дека е цел среќен што те сретнал, лаже комшијата што вели дека те сака поише од фамилија, лаже секој втор у кафана што седнал со тебе и ти глуми лудило, лаже бакалинот дека кифлиците се тазе, лаже докторот дека не ти е ништо, лаже муж ти, лаже жена ти, лаже детето, а, кога би знаело кучето да збори и мачето, ГАРАНТ би ти пукнале у фаца дека си најдобар газда у свет, само за да добијат поише храна! Лаже секоја женска дека „ти си и втор, првион на превара и земал“, Лаже другар ти дека никад не би и се удварал на сестра ти, лаже психијатрот дека „а бе добар си ти, ништо не ти фали“ а у себе си вика боже ама кретен, лаже директорот дека ти си му најбољи у фирма, лаже кафанџијата дека ти си му најомилен гост, лаже удварачот „се додека не му даеш“, лаже Обама, Путин, Меркел, Садам Хусеин, Елвис Присли, лаже чак и ПАПАТА!

СИТЕ ДА СЕ НОСАТ У ПИЧКУ ЛЕПУ МАТЕРИНУ БЕ!!!….

ДРЖАВАТА НЕ ЛАЖЕ,… ЖИМИ НЕА! ЦРКНАЛ АКО ЛАЖАМ!

КОЈ НЕ ЛАЖЕ ВООПШТО? – (1.000,000 USD QUESTION )

Share.

About Author

Agim Jonuz

Остави коментар

Powered by themekiller.com