Лажам значи живеам

0

Сите се убедени дека на политичарите, трговците, лекарите лагата им е дел од работата. За себе пак мислат сè најдобро не насетувајќи дека секојдневно лажат најмалку 200 пати.

Има една народна поговорка која вели дека на лагата и се куси нозете. И покрај тоа што таа може да биде неспретна, голема, намерно смислена или добронамерна. Господ ја презирал и му зборувал на Мојсие: “Не сведочи лажно против својот најблизок”.

Лагата денес е во сечија уста. Ајде бидете сосема искрени: “Дали денес излажавте нешто?”
Истражувачот Д-р Џон Николсон од Сеучилиштето во Лондон вели дека открил дека секој човек во просек лаже околу 200 пати на ден.

Да земеме само еден пример. Многу Ви се брза и на улица среќавате некој бивш колега. “Како си?” го прашувате. (Прва лага, бидејќи Вас, сосема Ви е сеедно како е тој.) Тој одговара: “Благодарам одлично”. (Втора лага, бидејќи сметката на тековна му е во минус, а автомобилот му е расипан.) Вие значи, човечки велите: “Одлично изгледаш“. (Трета лага, со оглед на тоа што тој изгледа како да има чир на желудникот). На тоа тој додава: “Ти посакувам се најдобро”. (Четврта лага, бидејќи не Ви посакува ништо добро и уште добро се сеќава на некогашната караница во канцеларијата). А Вие ветувајќи велите: “Ќе се слушнеме”. (Петта лага. Искрено се надевате дека овој неранимајко нема никогаш да Ви телефонира). Потоа двајцата заминувате, секој по свој пат и воопшто е размислувате за тоа дека за последните 60 секунди низ уста Ви поминаа 5 големи лаги.

Young woman crossing her fingers behind her back

Џералд Јелисон, профессор по психологија во Јужна Калифорнија, смета: нужните лаги се масло за мачкање на машината секојдневен живот. Дел се на оние општетствени обреди што животот на луѓето донекаде го прават поднослив.

Малите деца ја знаат приказната за Пинокио, кому при секоја лага му се продолжувал носот, но за самата лага знаат сосема малку. Дали е лагата добра или лоша?

Децата сепак пораснуваат со добронамерни лаги. Тоа почнува со Дедо Мраз, а завршува со штркот, кој носи мали деца. Дури со текот на годините човекот ќе научи дека на лагите треба да се гледа нијансирано.

Некои луѓе, пак, лудуваат по лажговци. На пример убавата артистка Ракел Велч отворено признава дека ја привлекуваат мажи, кои знаат убаво да лажат. “Мојот маж ме освои со тврдењето дека е син на тајландскиот принц. До најситни детали ми ја опиша палатата, што еден ден ќе ја наследи”. На артистстката не и требаше многу време да им влезе во трагата на лагите на својот сакан. Сепак не се лути што лажел. “Волшебна приказна. Морал силно да се напрега да ја измисли”.

Сепак, според многу анкети и испитувања, се дошло до заклучок дека луѓето најмногу лажат за годините, приходите и сексот. Тоа спред психолозите се тајни што се штитат со лаги.

Но, никаде лагата не може да биде така корисна како во болниците. Најуспешни се оние медицински сестри кои знаат добро да лажат. На пациентите им е потребна надеж.

32296d50d357c88e068070b5c7540972

Дали можеме да го откриеме лажгото?

Психологот Гитбут открила пет обележја на лажговците, по што можеме да ги препознаеме:

Избегнуваат контакт со очите
Почесто трепкаат
Често пелтечат
Даваат куси одговори
Зборуваат на повисок тон

Но, токму во љубовта, каде ѓаволски се лаже, човекот најмалку внимава на таквите детали.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com