Купи часовник – инвестираш за развој на супер автомобил!

0

Американскиот претприемач Џони Зерб од калифорниското гратче Хантингтон Бич, кој повеќе од 35 години се занимава со реставрацијата на спортски автомобили, одлучи да се приклучи на производителите на најбрзите спортски автомобили на планетата.

poster_02
Неговиот проект Zurba Armageddon засега постои само на хартија и се подготвени само неколку компјутерски скици. Надворешноста на идниот модел е веќе патентирана во соодветното министерство во САД, а компанијата Zurba Industries ги открива и техничките карактеристики на супер изведбата. Планирано е таа да користи шасија од јаглеродни влакна и алуминиум со битурбо V12 мотор. Чие производство ќе биде агрегатот, засега не е објавено, иако се знае, бидејќи веќе се калкулира со тежината на возилото – точно 1.310 kg, a се очекува максималната брзина да достигне 290 милји (477 km/h).

d0f73ef8cfa36d2173d445a463e17d69_original
Како и секогаш, проблемот за креирањето на вакво возило се финансиите. Со цел да ги собере потребните средства за развој, Џони Зерб организира производство и продажба на кварц часовници. Тие се со куќиште од алуминиум и специјална пласмаса, со нестандарден дизајн. Во секој часовник има дијамант и неговата цена изнесува 1.200 долари. Идејата му е да продаде 2.500 примероци и акумулирана сума да биде инвестира токму во идната супер ѕверка.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com