Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кралот и кралицата на Шпанија ги однесоа своите ќерки  на првиот училишен ден

0

Кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија, како горди родители, ги однесоа своите ќерки  на првиот училишен ден.

Кралското семејство им се придружи на останатите родители, враќајки се во Санта Марија де лос Росалес, во Мадрид, по летниот распуст.

Принцезите Леонор (12) и Софија (11) изгледаа воодушевени што ги гледаат своите соученици и се упатија кон училишните скали.

Кралот Фелипе, ги возел своите ќерки пред да ги придружува до зградата. Тој се вклопи со другите татковци, облечен во темно сино одело и бела кошула.

Во меѓувреме, стилската кралица Летиција изгледаше шик во бели фармерки и ленена јакна за опуштеното семејно излегување. Двојката изгледаше совршено и опуштено, поздравувајќи се со наставничката на влезот.

Ова лето беше им беше исполнето на шпанските принцези, кои поминаа еден месец во младински летен камп во САД.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com