Кои се 10-те најскапи автомобили во Русија за август 2016?

0

За економската ситуација во Русија не треба многу коментари. Факт е дека во огромното руско пространство има многу богати луѓе кои продолжуваат да купуваат ултра скaпи автомобили.

Преференциите на богатите Руси, што се однесува до луксузни возила, се сведуваат најмногу до марките Rolls-Royce и Bentley, а кај спортските автомобили во преден план се Ferrari и Lamborghini. Компанијата Автостат Инфо објави една интересна листа на најскапите сериски автомобили кои се продадени во Русија во месец август 2016. Излегува дека најскапиот автомобил е Rolls-Royce Phantom, кој е продаден по цена од 33.85 милиони рубљи (489.691 евра). Второто место го држи лимузината на Bentley. Примерок од моделот Mulsanne е продаден за 27.85 милиони рубљи (402.892 евра). Тројката се дополнува со уште еден Rolls-Royce. Овој пат станува збор за помалиот Ghost кој отишол кај новиот сопственик за сума од 24.69 милиони рубљи (357.177 евра).

Еве ги 10-те најскапо продадени автомобили нови автомобили во Русија за август 2016-та.

    Rolls-Royce Phantom – 33,85 милиони рубљи (489.691 евра)
    Bentley Mulsanne – 27,85 милиони рубљи (402.892 евра)
    Rolls-Royce Ghost – 24,69 милиони рубљи (357.177 евра)
    Rolls-Royce Silver Wright – 23,99 милиони рубљи (347.051 евра)
    Lamborghini Aventador – 17,615 милиони рубљи (254.827 евра)
    Ferrari 488 GTB – 17,1 милиони рубљи (247.377 евра)
    Bentley Bentayga – 15,15 милиони рубљи (219.167 евра)
    Bentley Continental – 14, 516 милиони рубљи (209.995 евра)
    Ferrari California – 14,163 милиони рубљи (204.889 евра)
    Ferrari F458 – 13 милиони рубљи (188.064 евра)
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com