Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кои се најдобрите 4х4 каравани?

0

Овој сегмент станува успешна алтернатива на SUV и кросовер изданијата и станува миошне популарен. И доколку досега имаше голем интерес преку Океанот, сега овие изведби се мошне популарни и на Стариот континент.

Audi A4 / A6 allroad quattro (од 2016 година)

Кај Audi има два каравани со зголемена проодност. Помалиот е A4 allroad quattro. Неговата прва генерација излезе уште во 2009 година, а втората во јануари оваа година. Се разликува од стандардниот А4 Avant по дополнителните заштитни елементи на каросеријата, зголемен до 175 mm клиренс и системот за погон на четири тркала quattro, кој користи среден диференцијал Torsen, како и модифицирана активна суспензија. Поголемиот модел – A6 allroad quattro, за возврат ја импресионира публиката уште при излегувањето во 1999 година. Тој доби воздушна суспензија, благодарение на што клиренсот му порасна до 208 mm. Автомобилот е и прилично брз, а во првата генерација располагаше дури со V8 мотор со 300 КС. При втората генерација од 2014 година работите се скромни. Воздушна суспензија повторно има, но клиренсот е 185 mm. Моторите се 3,0-литарски дизел со 190, 218, 272 и 320 КС и 3.0-литарски бензински со 333 КС.

Mercedes-Benz E-Class All-Terrain (2016 година)

Mercedes-Benz долго време ja набљудуваше конкуренцијата пред dа се одлучи да направи сличен модел. На крајот тој беше подготвен дури оваа година и беше претставен на салонот во Париз. Во основата на теренецот возило е караван врз E-Class, а верзијата All-Terrain претставува нешто како транзиција кон кросоверот GLE. Машината се разликува по новите браници и решетка на ладилникот, дополнителните елементи од црна пластика на каросеријата, како и специјалните 19 и 20-инчни тркала. Клиренсот на автомобилот исто така е зголемен, а во основната верзија со воздушно потпирање Air Body Control тој може да достигне 176 mm, но за целта треба да биде активиран режим All-Terrain. Моторите засега се само дизел, помалиот е 2,0-литарски, развива 194 КС и 400 Nm и работи во комбинација со 9-степен автоматски менувач, како и 3.0-литарски V6, во комбинација со иста трансмисија, кој нуди 258 КС. Во подоцнежна фаза ќе се појават и бензински агрегати.

Opel Insignia Country Tourer (2013)

Во очекување на новината која пристигнува догодина, во 2013 година Insignia Country Tourer беше прогласен од Opel како конкурент на Audi A6 Allroad. Караванот доби зголемен до 175 mm клиренс ( 20 mm повеќе од оној на стандардниот модел) и дополнителни елементи за заштита на каросеријата. Генерално, сепак Country Tourer си остана стандардна Insignia со 4×4. Во палетата на моделот влегуваат 2.0-литарски бензински турбомотор со 250 КС и 2,0-литарски турбодизел со 170 КС. Тие можат да се комбинираат како со 6-брзински мануелен менувач, така и со автоматски со ист број степени. Генерално Opel Insignia Country Tourer се покажа конкурент на VW Passat Alltrack, бидејќи Audi A6 Allroad влегува во највисоката класа – E, додека Insignia сеуште се наоѓа во сегмент D.

Skoda Octavia Scout (2016 година)

Своето теренец комби Чесите прв пат гопретставија во 2006 година, кога се појави на втората генерација на Octavia. Сега доживеа дотерување на актуелната трета генерација која блесна во 2014 година. Најекстремниот претставник на моделот од модификацираното портфолио на Octavia доаѓа со избор меѓу три погонски агрегати, високо-технолошки систем за погон на четири тркала, голем број на промени во тематскиот дизајн, посебен режим Off-Road за полесен спуст по нерамниот терен и зголемениот, во споредба со сериската верзија на моделот, за 3 cm – клиренс. Обновената Škoda Octavia Scout, која е развиена врз основа на Octavia Combi е достапна во три основни верзии во зависност од моторот 1.8 TSI со 180 коњски сили, 2.0 TDI со 150 КС и 2.0 TDI со 184 КЅ. Нова за палетата е дизелската верзија, во која се комбинирани сисетмот за погон на четири тркала и седемстепен роботизиран DSG менувач. Во зависност од нивото на опрема, во опремата на обновената Octavia Scout можат да бидат откриени греачи за управувачот, седишта со функција Thermo-Flux за подобра циркулација на воздухот, систем за навигација Columbus со 9.2-инчен екран, 4G интернет конекција, систем за итна помош eCall и други.

Subaru Outback (2015 година)

Својот модел од оваа класа Јапонците го покажаа уште во 1994. Ова всушност претставува верзија на топилницата Legacy, која постепено доби огромна популарност и се оддели во нов модел. Автомобилот беше опремен со систем ACT со спојка на задната оска и вариаторна скорстна кутија. Сегашната генерација на Subaru Outback се продава од 2014 година Таа нуди прилично сериозен клиренс – 213 mm, со кој се занимва не само кросовер, но и некои теренци. Машината одлично се справува надвор од патот, како може да се избира помеѓу два бензински мотори – атмосферски 2,5-литарски и со 3,6-литарски V6, а дизелот е 2,0-литарски со 150 КС.

Volkswagen Golf / Passat Alltrack (2014/2015 година)

Како Audi, така и Volkswagen има два модели на ова поле. Првото беше претставено уште во 2010 година, додека Golf Alltrack излезе во есента 2014 година. Кај него се следи традиционалната рецепт – користени се заштитни елементи на каросеријата, клиренсот е зголемен за 20 mm – до 160 mm, а автомобилот е опремен со систем за погон на четири тркала 4Motion. Тој доби софтвер кој имитира блокирање на меѓуоскиниот диференцијал. Сето ова е во комбинација со 4-литарски мотори по избор – бензински со 180 КС, и дизел – 110, 150 и 184 КС. Поголемиот Passat Alltrack, изгледа и поимпресивно. Првата генерација на моделот имаше клиренс од 165 mm, но при вториот тој порасна до 174 mm. Возилото е опремено со систем Haldex со можност за блокирање на задната оска на која е додаден специјален режим на електронските системи – Off Road. Врвните верзии на моделот – како со бензински, така и со дизел моторi, располагаат со електронска имитација за блокирање на диференцијал XDS. Единствениот бензински агрегат е 2.0-литарски турбо, кој развива 220 КС. Основниот дизел со 150 КС се комбинира само со 6-брзински мануелен брзината кутија, додека другите два – со 190 и 240 КС se потпираат на 7-степен роботизиранa DSG-трансмисија. Особено импресионира најмоќниот мотор кој има максимален вртежен момент од 500 Nm.

Volvo V90 Cross Country (2016 година)

Шведскиот модел доаѓа како заменик на Volvo V70. Тој се разликува од стандардната V90 со нови браници и заштитни панели на каросеријата. Klirensot му е зголемен до 210 mm. Уште во основната опрема на моделот се вклучени адаптивен круз-контрол, систем за контрола на лентата на движење, асистент при искачување и спуштање, како и радар, кој помага при паркирањето во рикверц.За моделот се нудат два бензински и два дизел турбодвигатели. Бензинските се 2,0-литарски – Т5 со моќност 254 КС и Т6 со 320 КС. Дизелите се исто 2,0-литарски – D4 со моќност 190 КС и D5 со залихи од 235 КС. Последниот е опремен со систем PowerPulse наменет за отстранување на турбодупката кај дизелите. Сите мотори се од серијата Drive-E и се во комбинација со 8-степен автоматски менувач, а само за дизел мотор со 190 КС се нуди стандарден 6-брзински мануелен менувач.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com