Кога сонот ќе стане јаве ?!

0

Ретки се оние кои се сеќаваат во целост на своите сонови, а уште поретко оние кои ги откриваат. Сепак некои од нив имаат огромно влијание во нашиот живот, па дури и ги менуваат оние на луѓе во светот, пишува ListVerse. Ако не верувате, погледнете светски идеи кои од сон станале јаве.

1. Теоријата на релативноста

Едно од најзначајните откритија на Алберт Ајнштајн и на целата физика било инспирирано од чуден сон. Ајнштајн сонувал поле со крави, кои пасат спокојно до електрична ограда. Гледа и земјоделец во близина и го прашал зошто животните не реагираат на оградата, при што фармерот ја вклучил струјата во оградата и кравите потскокнувале во синхронизација, погодени од струјата. Кулминација на сонот е последниот разговор со земјоделецот, кој вели дека видел кравите дека потскокнуваат последователно – една по друга, а не сите заедно. Откако се разбудил Ајнштајн стигнал до заклучок дека различни луѓе можат да го видат истиот настан на различен начин – за некои од нив тоа е веднаш, а за други – нешто што се случува во низа. Тоа е главната идеја, како велел научникот за да рабори на теоријата на релативноста.


2. Google

Цело време додека учел на Универзитетот Стенфорд, Лари Пејџ, верувал дека причината да го прифатат била техничка грешка во системот. Помислата дека можат да го исклучат во секој момент, му создавала чувство на постојана вознемиреност, што довело до појава на периодичен чуден сон. Сонот на младиот Пејџ му предочил да ги зачувува сите информации од интернет на персонален компјутер. Тој почнал да прави различни пресметки, за да види дали ова е можно, но се чини дека немало начин да биде резервирана толку голема количина на информации на еден нормален кориснички компјутер. Тоа сепак го насочило кон генијалното откритие дека веб страниците може да се чуваат како специфични онлајн адреси, што го навеле на мислата да се сместат овие линкови, кои потоа го олеснуваат пребарувањето на информации во целата мрежа. На крајот, оваа негова идеја, денес го носи името Google.


3. Книгата „Чудниот случај на доктор Џекил и мистер Хајд”

Една ноќ, додека бил силно притиснат од финансиски тешкотии и од неговиот издавач, кој барал од него авантуристичка книга, на Роберт Луис Стивенсон му се сонил страшен кошмар. Исплашената сопруга едвај го разбудила, кога тој почнал да вика во сон. Чудно е тоа што наместо да и заблагодари, Стивенсон се скарал на жена си, дека го разбудила. Изгледа сонот на писателот бил исто толку интересен како заплетот на приказната за доктор Џекил и мистер Хајд. По оваа случка расположението на писателот значително се подобрила и тоа му помогнало да го напише своето ремек.


4. Книгата „Франкенштајн“

За време на некој собир, организиран од страна на Лорд Бајрон, на кој присуствувала и Мери Шели, се случил неочекуван природен феномен. Вулканска ерупција во Индија го затворила сонцето за одреден временски период, што ги пореметиле плановите на групата туристи. За да го пополнат времето крај огнот, тие почнале да раскажуваат германски легенди за духови и страшни приказни кои очигледно влијаеле на Мери Шели повеќе отколку што се претпоставува. Во една од наредните вечерите таа ја сонува историјата за човек кој сака да зграпчува божествените функции и да се создаде нов вид човечка раса. Ова се претвора во основа за светски нејзиниот роман „Франкенштајн“.


5. Филмот Inception

Не е големо изненадување дека ваквата концепција се појавила за прв пат во светот на соништата. Кристофер Нолан зема голем дел од елементите во филмот од своите сништа, односно тој не е плод само на еден единствен сон. Но, најсилно влијание извршиле неколкуте случаи во кои тој преживеал т.н. свесно сонувавање (lucid dreaming) и се обидел да го промени текот на спиењето во посакуваната насока. Се разбира, кај овој тип на сонување е многу важно да го разграничувате сонуваното од реалноста што Нолан го постигнал и успеал да ги имплементира маестрално во својот филм.


6. Периодниот систем на хемиските елементи

Роден во 1834 година познат хемичар Дмитриј Менделеев го прифаќа предизвикот да воспостави логична научна врска меѓу сите познати хемиски елементи. Иако верува во успех во овој потфат, не успева да ги постигне саканите резултати. Но, откако сонува што треба да направи, пристигнува неговиот периодичен систем. Во својот дневник тој напишал: „сонив како на маса беа наредени сите елементи и секој еден од нив беше на вистинското место. Се разбудив и веднаш се фатив за работа и нацртав се на лист хартија“. Менделеев ја подготвил првата опција на периодниот систем, ги групирал елементите според нивната атомска тежина и го издак во 1869 година.


7. Идејата за филмот „Терминатор“

Еден од најпопуларните научнофантастични филмови се е дел од сонот на авторот Џејмс Камерон. За време на тешко боледување, кога имал 39 степени температура, додека Камерон е во Рим и ги снима последните сцени на филмот „Пирана 2“, го сонува Терминатор. Самиот сон на канадскиот режисер го „носи“ во футуристички свет каде што тој видел торзо на робот со кујнски нож во раката, кој се обидувал да побегне од експлозија. Така се родила идејата за тешкиот за уништување робот убиец.


8. Песната „Вчера“ на Битлси

Мелодијата на една од најпознатите песни на сите времиња „Вчера“ (Yesterday), Пол Макартни ја слушнал за прв пат во својот сон, но тогаш уште не знаел што претстои. Кога се разбудил со мелодијата во главата, музичарот мислел дека е нешто што чул некаде пред тоа и се обидува да разбере што е и од каде е. Тој ја снима и дистрибуира меѓу пријателите, за да му каже некој дали знае кој е изведувачот на парчето. Откако се покажало дека таква песна не постои, Битлси ја создаваат и запишуваат. Работниот наслов на песната е „пржени јајца“, но подоцна е заменето со „Вчера“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com