Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кајли Џенер останува цврсто на нозе

0

Кајли Џенер е во центарот на вниманието уште од 10-годишна возраст. Таа стана многу влијателна стилска икона, успешен козметички претприемач и што е најважно, мајка на седуммесечната Сторми.

Како една од најпознатите лица во индустријата на забава, Кајли Џенер сега отворено зборува како станала рамнодушна во текот на годините, а исто така се осврнува и на тоа како бременоста и го сменила нејзиното тело на „супер млада возраст“.

Во познатиот магазин „Гламур“, ѕвездата на реалното шоу, која е на пат да стане најмладиот милијардер на светот, отворено зборуваше и за најпознатиот дел од нејзиното тело – усните.

Уште кога се појави во реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, таа се одвојуваше како соло ѕвезда. Таа, со нејзиното око за стил, стана важен инфлуенсер во светот на модата. Тоа стана уште поочигледно кога потврди дека ги пополнила своите усни во 2015 година, после неколку месеци шпекулации.

Како резултат на огромниот јавен интерес околу неа, Кајли се најде во нова ситуација која не ја исфрли од рамнотежа: „Многу негативни работи ми доаѓаат цело време“, вели таа. „Се разбира дека тоа ми влијае, но станав рамнодушна. Ништо не траело толку долго за да не можам да го пребродам. Што и да се случи, знам дека брзо ќе помине. Во животот се е минливо“.

Откако ја држеше целата бременост во тајна, таа се породи во февруари 2018 година. Говорејќи околу мајчинството, Кајли призна: „Бременоста целосно го промени моето тело на многу млада возраст, но навистина не ми е гајле.“

По толку години како ѕвезда на реално шоу, таа сега ги смени своите приоритети, а тоа се – мајчинството и „Kylie Cosmetics“ линијата. Таа изјави дека се што прави сега, е за нејзиното мало девојче Сторми: „Работам напорно за Сторми, и можноста да и го предадам бизнисот на неа, ако е заинтересирана, би била многу кул да се направи“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com