Како ти помина денот миличок?

0

Ако поубавата половина уште од врата Ви ги растревожи нервите, не очајувајте. И најголемите мажи го имале истиот проблем.

Вклучувајќи го тука и американските претседатели. Абрахам Линколн по половина час „шеткал“ околу својот дом, пред да се јави на својата сопруга дека стигнал. Бенџамин Франклин се оженил за постара и доста глува жена. „Штом слушнат дека мажите им стигнале дома, сите сопруги веднаш одат кон вратата. Мојата не ме забележува дури и кога ќе велезам во собата“, се фали тој со одличниот избор. Ричард Никсон и забранил на жена му да го прашува за било што, кога ќе влезе во куќата. За да го постави своето прво прашање, таа морала да чека половина час.

Учените луѓе, пак имале стратегија, како да ги избегнат жените. Алберт Ајнштајн си ставал слушалки на ушите и кога некоја жена сакала да разговара со него, тој одмавнувал со раката.

Што станува всушност со мажите и зошто повеќето од нив се однесуваат така? Тие се всушност исклучително чувствителни суштества, кои се вљубени во најскриените чувства и мисли и не сакаат да бидат вознемирувани со некои незначајни прашања. „Како ти мина денот миличок?“, „Што појадуваше?“, „Како ти е секретарката?“ и слично.

СТРАТЕГИСКИ ВАРИЈАНТИ

За несреќа на Синди Крафорд, штом ќе го минел домашниот праг, Ричард Гир започнувал да медитира. Така било од свадбата па се до разводот. Брус Вилис од вратата, скокал во базенот. Композиторот Густав Малер поминувал „на прсти“ покрај сопругата и децата и заминувал во куќичката во градината. Германскиот поет Гете, одлично ја средил куќата. Меѓу неговата соба и собата на жена му, имало голем простор што ги разделува.Сократ уште своевремено рекол: „Избегнувајте ги женските прашања за да ја постигнете мудроста“.

Според некои американски испитувања, оние мажи што сепак успеваат уште од врата да одговорат на сите прашања од сопругата, се психички поздрави. Одговарањето им помага да се растоварат и релаксираат.

Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com