Како се стигнува до среќата?

0

Да се ужива во малите радости, да се има самопочитување, да е негува креативноста, само со некои од компонентите, кои човекот го чинат среќен. Умешноста на радувањето, има свои правила и свои тајни.

Среќата како психичка состојба, не се наследува со раѓањето. Меланхолици и песимисти, многу често стануваат такви, само затоа што живееле во семејства, во кои владеела таква атмосфера. Освен тоа,тврдат психолозите, лужето се чувствуваат несреќни, бидејќи не научиле од мали да го негуваат доброто расположение, душевниот мир и позитивните мисли. Меѓутоа никогаш не е доцна за обид да се поправат грешките, бидејќи радоста на живеењето е нешто што може да се научи.

Да се биде оптимист значи да се трудите да пронајдете барем минимум позитивно во најтешките ситуации. Тоа, без сомнение, не е лесно ниту вообичаено.

Психолозите објаснуваат дека секој кој гледа оптимистички на работите, кога-тогаш доаѓа во ситуација за него да се зборува, како за површен човек, кој ги занемарува проблематичноста и сериозноста на секојдневниот живот. Испитувањата на научниците го докажаа спротивното, односно дека секој, кој со својата активност и креативност тежи кон позитивни аспекти на работите е се друго освен површен.

Да се биде среќен значи да се верува во себе и во своите можности.

Многу научници и психолози се согласуваат дека секој кој се труди себеси да си препише заслуга за позитивно решение и поседува самопочитување и доверба во сопствените способности има големи можности да биде среќен.

Меѓу многубројните начини со кои се поттикнуваат позитивните мисли, Ви ги предлагаме следниве реченици:

    – Денес многу подобро се чувствувам
    – Работата се подобро ми напредува
    – Чувствувам дека можам се да направам
    – Мислам дека денес е добар ден за мене
    – Задоволна сум од себе
    – Многу работи добро ги направив
    – Чувствувам дека сум во одлична форма

Откако ќе ги изговорите овие и слични реченици, степенот на расположение значително ќе е подобри и Вие ќе се чувствувате среќни и задоволни.

Позитивното духовно расположение што може да биде предизвикано од убава музика или вечера во друштво со пријателите, многу брзо се пренесува на се што ве опкружува.

За да бидете добро расположени и во друштво со партнерот, не е важно колку време му посветувате, туку како го минувате тоа време. Миговите како овие наведени, можат да ве направат среќни.

    – Разбудете се 10 минути пред вообичаеното станување и останете во кревет прегрнати
    – Прошетајте се држејќи се за рака
    – Седете прегрнати покрај светло од свеќа
    – Раскажувајте му за своите емоции – ќе Ви возврати на ист начин

Среќни можат да ве направат мали работи, како опуштање во топла вода, шетање по паркот, читање на интересна книга, спиење без будилник, одење н фризер, посета на изложби, театарски претстави и слично.

Дaли умеете да се радувате?

Одговарајќи на овие прашања ќе откриете, дали имате повеќе склоности кон радувањето или кон меланхолијата.

    1.Дали во истовреме се ангажирате околу различни работи?
    2.Дали сте толку обземени со работата што не можете глава да кренете?
    3.Дали сте нервозни кога ниѓто не работите?
    4.На одмор не се одмарате – ги посетувате знаменитостите на градот, ја истражувате околината, со еден збор не Ве држи место?
    5.Кога се одмарате вклучен Ви е телевизорот?
    6.Пушите многу, а понекогаш пиете и алкохол?
    7.Сакате да полемизирате?
    8.Се трудите од децата да создадете центар на Вашиот живот?

Ако одговорите на повеќе од 4 прашања со ДА , Вие повеќе сте наклонети кон депресија, отколку кон радување.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com