Како настанале парфемите?

0

Взаемната привлечност меѓу половите, се изразува најмногу преку мирисите. Тука се открива идентитетот на личноста, карактерот, се изразуваат најдлабоките чувства, најскриените мечти. Токму затоа, мирисите се всушност и најинтимниот подарок.

Секоја жена во парфемот бара нешто што ќе ја изрази нејзината личност, во истовреме ја прави поинаква од другите, ја буди нејзината фантазија и скриена желба на нешто убаво.

Постоењето на парфемите се поврзува со почетокот на цивилизацијата. Најнапред миомирисите како на пример темјанот, биле спалувани во Чест на Боговите.

Оттаму и доаѓа зборот парфем – лат. parfumum, што значи по пат на чадот. Сочувани се прекрасни примероци од шишенца со парфеми од Стар Египет, Грција, Рим. Од тој период, Клеопатра е значајна, како голем познавач на парфеми.

Уметноста за подготвување на многу мириси во средновековна Европа, ја донеле Арапите и тоа најнапред во Италија и Шпанија. Со доаѓањето на Катерина Медичи на францускиот престол, во 16. век, почна “KOLNICH WASSER”, пол кое настанало и името колонска вода. На преодот од 19. Во 20. век, Франција и Париз се седиште на високата мода и ексклузивната парфимерија. Се создаваат парфеми. На пример “Jicks”(1897),”L Origan”(1905), “FOUGERE POSTALE”(1882).
Токму во шеесетите дојде до пресврт. Бунтовната генерација девојки го избра џинсот, наместо високата мода и свежите толаетни води, наместо ексклузивните парфеми, кои се создадени во почетокот на 20.век.

Врвниот парфем е по состав, најсложен хемиски производ.

Во производството на парфеми се користат неколку стотини природни мириси, билни екстракти и етерични масла и неколку илјади синтетички мирисни суровини. Процесот на создавање на еден парфем трае по неколку години. Мирисната композиција, содржи стотина компоненти со различна испарливост. Тука во испарувањето, всушност е целата магија на парфемот. ОСТАВА ДЛАБОКИ ТРАГИ ВО ДУШАТА!

Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com