Како да ја сменам кожата

0

Често поставувано прашање во дерматолошките ординации…

Секојдневно се сретнувам со пациенти кои се нездоволни од тенот и покрај редовната нега со скапи козметички препарати, саканиот резултат никако да дојде. Ако сите брендирани креми не довеле се уште до промена значи треба нешто да промените во третманот.

Во пубертетското доба најчеста причина за незадоволствоте од својата кожа се акните, темните пигментации што се појавуваат по излекување на гнојаниците, вдлабнатите лузни кои ниту со пудер не можат да се сокријат.
Кај возрасните исто така може да се појават акни, последични флеки и лузни.

Ако редовно користење на лосиони за проблематична кожа, креми и антибиотици не помагаат тогаш единствено третман што може да доведе до подобрување на состојбата е пилинг со киселини.

Уште од времето на стариот Рим жените ги користеле овошните киселини за осветлување и измазнување на кожата. Како? Го нанесувале на кожата талогот од грозјето што останувал при правење вино. Денес постојат најразлични киселини со прилагодени концентрации за секакви проблеми на кожата.

Хемиските пилинзи се многу популарни во современата естетска медицина при третманите за подмладување. Го регулираат лачењето на лојните жлезди, ја отстрануваат грубата кожа истовремено мазнејќи ги проширените пори и ситните брчки. Најопасниот фактор во процесот на стареењето е претераното изложување на сонце. Хемискиот пилинг ги отстранува настанатите актинични пигментации како и флеки по породување и од најразлично потекло. Учествуваат во поттикнување на продукција на колагени влакна што придонесува за оптегнување и измазнување на кожата и враќање на блескавиот тен.

Новата кожа после хемискиот пилинг е нежна и чувствителна и не сме да се изложува на сонце. Затоа есента и зимата се најповолни периоди за изведување на интетнзивни третмани за разубавување. Ако сте планирале да превземете вистински чекор за отстранување на неправилностите што долго ве мачат сега е вистинското време. Секој “помлад” проблем полесно се отстранува!

Повеќе информации на:

http://www.drsvetlana.com.mk/medicinska-kozmetologija/hemiski-piling

Share.

About Author

Светлана Петрушевска Костиќ

Остави коментар

Powered by themekiller.com