Како да одржите стабилна врска?

0

Толстој напишал дека сите среќни семејства, личат едно на друго, додека секое несреќно семејство, е несреќно на свој начин.

За да се одржи една врска како стабилна и да се надминат проблемите што се јавуваат, можеби ќе Ви помогнат следните совети.

    1. Обидете се да ги пронајдете заедничките интереси, вредности и цели. Доколку имате заеднички интереси и вредности, имате поголеми можности врската да ја одржите како стабилна, бидејќи таквата двојка има слично однесување и стил на живот.

    2. Изнајдете го вистинскиот стил кога се карате. Не ретко се случува караница.При тоа партнерите може да се караат на начин на кој секој ќе ги изнесе своите ставови и ќе се дојде до компромис. Некоја двојка пак избегнува меѓусебен судир, па може да се скараат на кратко, а потоа да заборават се.

    3. Но, постојат и двојки, кои губат контрола во карањето и секој од партнерите настојува да докаже дека е во право. Умешноста да се избере стилот на кавгата во голема мерка влијае во одржувањето на стабилнота на врската.

    4. Покажете ја својата добра волја. Во секоја стабилна врска, за да се одржи како таква, партнерот треба да ја манифестира својата добра волја, да комуницира со својот партнер и на таков начин, да се решат проблемите, кои едниот партнер ги има и постојано му пречат.

    5. Комуницирајте меѓусебно. Меѓу партнерите, потребна е искрена и вистинска комуникација. Потребно е да имате некој, на кого ќе можете да му се доверите, да му кажете се и на тој начин да си ја подобрите својата самодоверба и животен елан.

    6. Потребна е и мала меѓусебна жртва. Не може да постои меѓусебна комуникација, ако партнерот не умее да Ве слуша и не Ви се посвети, што секако од него бара и одредена жртва. Внесување на дел од себе. Во врската внесете дел од себе, што значи дека Вашиот партнер е достоен и вреден за Вашето внимание,време за уживање. Доколку Вие го правите тоа, тогаш со полно право, можете да очекувате и Вашиот партн ер тоа да го прави за Вас.

Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com