И мажите имаат климакс

0

Речиси секој маж како возрасна личност минува низ пет стадиуми, од кои првиот и третиот се пресудни Машкиот климактериум е многу потежок од женскиот, па во тој период е многу значајна помошта од партнерката, која сепак полсно ги минува своите критични години.

Од 21 до 31 година,(при што временскиот период може да биде и индивидуален) за мажите претставува период полн со напнатост, бидејќи тогаш неговото внимание е насочено кон професијата, женењето и оснивањето на семејство.

Во наредниов период да речеме од 35 до 40 години, а можеби 43 или 44 години, тој ги зацврстува придобивките од претходниот период.

Деценијата помеѓу 40 и 50 или дури помеѓу 45 и 55 години е време кога мажите чувтвуваат дека доаѓа период на нивно преминување во категоријата на – средновечни луѓе. За таа деценија карактеритични се физичките и психичките пречки. Квалитетот и карктерот на преостанатите години од животот во голема мерка зависат од овој стадиум, поради што овој стадиум се нарекува пресвртница.

Периодот од 50-55 години, до заминување во пензија, може да биде особено поволен. Може да биде период на задоволство и ведрина или пак, огорченост, разочарување и страв. Се зависи од тоа, како некој маж ја пребродил пресвртницата.

Зошто секој маж се враќа во минатото, ако му се чини дека токму тој период му бил најнесреќен?

ПОЧЕТНИ РАЗОЧАРУВАЊА

Повеќето мажи живеат во брак. И повеќето од нив наоѓаат дека рачната заедница не ги исполнила нивните очекувања. Најуспешните меѓу нив се женат пред својата 26 година и подоцна живеат 30 години со иста жена, иако колку и да било тоа парадоксално, мажите повеќе се разочаруваат во своите жени, отколку што жените се разочаруваат во своите мажи. Жените би требало да знаат дека речиси во секој брак доаѓа до оној ден кога мажот и открива на жената дека не е добра домаќинка, како неговата мајка. Згора на тоа ќе рече дека и сексот не му го пружил сето она што тој го очекувал.

Се тоа е сосема нормално. Мажите и кога се добри и нежни, секогаш некаде во позадинаимдемне една иста мисла-тие така не го замислувале животот во бракот.

Мажите ретко имаат претстава за тоа, колкаво огромно влијание ќе има на нивниот брак и живот раѓањето на детето. Повеќето од нив и не се така воодушевени татковци, како што се жените воодушевени мајки. И во овој поглед тие се поподготвени за живот, позрели.

ГОДИНИ НА БЛАЖЕНСТВО

Татковството не е главна улога во животот на мажите. Нив ги чекаат други позначајни задачи. Тежат првенствено кон својот успех. Единствениот начин на кој мажите можат да се потврдат себеси е работата. Поради тоа се тераат себеси на постигнување успех, а немаат многу рабирање за своите амбициозни жени.

По ова следува полесен и мирен период, стадиум, на т.н. консолидација. Овој период настапува кога човекот почнува да го користи сето она што го постигнал во текот на изминатите петнаесет години. Тој сега е задоволен и во љубовта и е нежен и внимателен кон својата жена.

Но, тој благословен период ќе го замени наскоро бурна деценија на пресврт. Ако некогаш во животот на мажот му е потребна жена, тогаш е тој период.

АВАНТУРИ ВО ПООДМИНАТИ ГОДИНИ

Тоа е период кога мажот добива желба за туѓа жена, иако повеќето од нив и понатаму сериозно го сфаќаат својот брак.Желбата за авантура всушност постоела од секогаш, разликата е во тоа што порано ја потиснувале, а во текот на пресвртницата и подлегнале на таа желба. Обично мажот тежи за сексуално освојувње на помлада жена, која извесно време во него ќе создаде лажно чувство на младост и виталност.

Својата жена, мажот во тој период ја идентификува како своја мајка и очекува таа и понатаму да го сака, да се грижи за него и да му простува. Единствен начин за соочување со кризата на средните години е соочувањето на мажот со причините за својата депресија и помирувањето со своите години. Ако и во тоа не успее, ќе остане до крајот на живоот заробен во магепсаниот круг на чај и депресија. Овој машки климакс најлесно го пребродуваат мажите кои не биле разгалени во детството и оние кај кои е многу рзвиено чувството на одговорност.

Очигледно машкиот климакс е потежок од женскиот, па со самото тоа бара и подобра тактика на сопругата. Но, пред крајот на деценијата на пресврт, повеќето од мажите се помирија со со своите години и и повторно се најдоа себеси.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com