Истражување на Оксфорд: Тенисот поздрав за рекреирање од фудбалот и трчањето

0

Редовното играње бадминтон или тенис за речиси 50 отсто го намалува ризикот од смрт на која и да е возраст, а сличен ефект се постигнува и со пливање и аеробик. Трчањето и фудбалот имаат многу помал ефект, иако авторите на студијата предупредуваат дека таквите резултати се можеби и поради природата на самото истражување.

„Ива е првата голема студија на огромен примерок“, вели Чарли Фостер, коавтор на студијата на Универзитетот Оксфорд.

Во British Journal of Sports Medicine е објавена студијата направена од меѓународен тим на истражувачи. Точно 80.306 испитаници на возраст од 30 и повеќе години од Англија и од Шкотска, чија здравствена состојба беше поврзана со нивното вежбање. Истражувањето беше направено на национално ниво во периодот од 1994 до 2008 година.

Од секој од учесниците беше побарано да одговори на серија прашања во врска со нивниот начин на живот и вежбање, вклучувајќи го и прашањето со кој спорт се занумавале во текот на претходните четири недели и колку често го правеле тоа, како и интензитетот на вежбање и неговото времетраење. Во наредните девет години, 8790 лица од анкетираните починале, од кои 1.909-мина од кардиоваскуларни болести.

Резултатите покажуваат дека помалку од половина од испитаниците, над 44 отсто, го почитувале препорачаните упатства за нивото на вежбање од 150 минути умерена физичка активност неделно.

Истражувачите го споредувале ризикот од смрт кај оние што спортувале наспроти оние кои немаат таква активност, имајќи ги предвид факторите како што се возраста, полот, без разлика дали се пушачи, со зголемена телесна тежина, дали прават други вежби и дали се образовани.

Резултатите открија дека велосипедизмот, на пример, бил поврзан со 15% намален ризик од смрт. „Мала е разликата помеѓу оние кои го возат (фиксен) велосипед или не“, рече Фостер.

Пливањето носи 28% намален ризик од смрт, а оваа бројка беше 47 % за спортовите со рекет (тенис и бадминтон), 27% за аеробни вежби, како фитнес или танцување. Ниту трчањето, ниту фудбалот не покажаче дека го намалѕваат ризикот од смрт.

Ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести со пливањете се намалува за 41%, со спортовите со рекет 56% и со аеробик 36%. Трчање, велосипедизмот и фудбалот не покажаа заштитен ефект.

Причините за разликите, вели Фостер, се сложени.

„Сите имаат различни физиолошки барања, и затоа сите имаат различни физички, социјални и ментални бенефиции“, вели Фостер за „Гардијан“. Но, оние кои уживаат во фудбалот и трчањето не треба да се откажат од тренирањето, додава тој.

tennis-balls-and-rackets

„Ние сме 100% сигурни дека овие спортови се добри за вас, тоа е многу јасно, но она што уште не се гледа со оваа студија е колку бенефиции тие носат на подолг рок во спречување на смрт“, вели Фостер, истакнувајќи дека е можно некои податоци во анкетата да не се точни, зашто имало многу малку смртни случаи меѓу тркачите и фудбалерите. „Бројот на фудбалери во истражувањето беше мал, а можно е да биле пријавени повеќе џогери од бараниот примерок.“

Улф Екелунд, физиолог на Универзитетот во Кембриџ и професор по физичка активност и здравје при Норвешката школа за спортски науки во Осло, изјави дека клучната порака од истражувањето не е да се споредуваат спортските активности и веројатноста преку нив да се одбегне смртта, туку дека спортот во целина е од корист.

„Има толку многу докази дека физичките активности, вклучувајќи го и спортот, и сите видови вежби, се поврзани со намален ризик од заболувања и од смрт“, вели Екелунд.

„Пораката е дека ако спортувате, треба да продолжите да спортувате. Ако не сакате да спортувате, обидете се да најдете некој друг вид на вежбање“, додаде тој.

„Не треба да се престане да се биде активен. Тоа не значи дека сега треба да се почне со тенисот. Јас не мислам дека така ќе биде подобро. Мислам дека треба да се продолжи со она што сте го правеле и со она во што уживате“, вели Екелунд.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com