„Импраматур“ утре

0

Најконтроверзната книга од Италија, преведена на 20 јазици и објавена во 45 земји, со продадени 1.000 000 примероци.

Книгата ќе биде промовирана утре 25 ноември , со почеток во 20 часот, во „Менада“. Модераторки на промоцијата ќе бидат универзитетската професорка и новинарката Јасна Франговска.

Со темелно истражување и со брилијантна замисла, „Имприматур“ содржи воодушевувачки откритија, кои биле криени со векови. Ова е вџашувачки трилер што фрла нова светлина на судирот на силите во Европа од XVII век, чии последици се чувствуваат до денес.

Кога била првпат објавена во Италија во 2002 година, книгата предизвикала огромен број контроверзии, била бојкотирана од италијанските медиуми и од сите издавачки куќи. Сепак, романот станал европски бестселер.

Ексклузивна можност одблиску да ги запознаете Рита Моналди и Франческо Сорти, брачната двојка чија трилогија составена од „Имприматур“, „Секретум“ и „Веритас“ даде нова слика за италијанската и пошироко – за европската историја.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com