Иднината на Ф1 болидите?

0

Во идната сезона во Формула 1 не очекува уште една промена во Правилникот и дизајнот на болидите. Иако многумина иновациите ги нарекуваат „револуција“, веројатно нема да бидеме сведоци на ништо радикално. Автомобилите ќе станат пошироки, гумите ќе станат поголеми, а шасијата ќе генерира значително поголема аеродинамичност отколку сегашните болиди.

1477485111-mercedes-f1-2030-fantasy-design-3
1477485111-mercedes-f1-2030-fantasy-design-4
Очигледно слично размислува и главниот уредник на motorsport.com кој порачал од тим од дизајнери да дизајнираат болид од иднината.

Годината е 2030-та, а футуристичката машина ги носи сегашните бои на тимот на Mercedes во Формула 1. Како пропорции, архитектурата многу потсетува на сегашните болиди, но останатото е радикално различно.

mercedes-f1-2030-fantasy-design-2
Дали некој ден ќе станеме сведоци на слични болиди во Формула 1, можеме само да нагаѓаме. Знаеме само дека проекти како овој се особено интересни, бидејќи се футуристички, но сепак идејата зад нив е базирана на нешто реално. Сепак до 2030 година има уште многу време.

mercedes-f1-2030-fantasy-design

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com