Идеи за главно јадење (III дел)

0

ПИЛЕШКИ ДРОБ ВО СЛАНИНА

600 грама пилешки црн дроб, 150 грама месеста сланина, 30 грама путер, парчиња леб за тост, сол.

Црниот дроб се чисти и секое парче се сече на половина и се витка во тенко парче сланина. За да не се растурат “залаците” се прицврстуваат со чепкалка. Се редат во тепсија и се печат во рерна додека сланината се вцрви. На долнавеста чинија се редат парчиња леб за тостер и врз нив се редат парчињата црн дроб со сланина. Наоколу јадењето се украсува со листови од зелена салата. Се служи веднаш.

ЌОФТЕ ВО МАГДОНОС

½ кг. мелено месо, 2 главици пржен кромид, црн пипер, сол, едно парче натопен бајат леб едно јајце, 2 врзалки магдонос, масло, брашно, 2 жолчки, 3 лажици павлака, сок од лимон.

Месото се помешува со испржениот кромид, сол, црн пипер, му се додава јајцето и исцеденото парче леб. Се меша добро и се прават топчиња при што секое се прпелка во ситно исечкан магдонос. Се редат топчињата во тенџере, се налеваат со вода и кога течноста ќе проврие, се запржуваат со испржено брашно во масло. Потоа се намалува температурата и топчињата се варат на тивок оган. Откако ќе се сварат се вадат од тенџерето и се ставаат во длабока чинија, а во сокот во кој се вареа се додаваат жолчките измешани со павлаката и сок од лимон. Се става на оган добро да се загрее и со тој сос се преливаат ќофтињата. Се служи веднаш.

ШНИЦЛИ ВО ПАВЛАКА

4 телешки шницли, црвен пипер, брашно, 3 лажици масло, главица кромид, чаша павлака, 4 парчиња лимон, сол, магдонос.

Шницлите се вадат од тавата, се оставаат на топло место, а во маснотијата се пропржува кромидот додека да добие светло жолтеникава боја. Се додава павлаката и се вари кусо време додека сосот да се згусне, се посолува, се додава малку црвен пипер. Месото се реди во чинија и се прелива со сосот. На секоја шницла се става по парче лимон и се посипуваат со ситно сечкан магдонос. Се служат со варена тестенина прелиена со растопен путер.

ОРИЕНТАЛНИ ЌОФТИЊА

800 грама овчко или јунешко месо, 3 јајца, 150 грама кромид, 3 чешниња лук, 300 грама презла, 180 грама масло, магдонос, нане, црвен пипер, сол.

Месото се меле, се меша со кромидот, лукот, магдоносот и црвениот пипер, се додаваат јајцата и малку сол. Смесата се меша и се формираат ќофтиња, се валкаат о презла и се пржат во загреано масло.

СВИНСКО МЕСО СО ЛУК

( за 6 лица): 1 кг. свинско месо без коски, 3 лажици свинска маст, 3–4 главици кромид, 1 лажица брашно, 1 чаша црвено вино, 1 лажица пире од домати, 1 дафинов лист, 4-5 чешнињ лук, сол, црн пипер.

Месото се сече во парчиња колку залаци и се пржи во маста додека да добие златноцрвеникава боја. Месото се вади од мрснотијата, се чува на топло, а во истата се пржи на резанки сечениот кромид. Кога е пржен, мешајќи се додава брашното, се промешува малку да се запржи, се додава виното. Пирето од домати разредено со вода (можеда се стави и помалку од една лажица, што сепак зависи од вкусот). Се враќа месото, се налева со вода колку да се покрие. На ова уште се додава дафинов лист и ситно сечкан лук. Јадењето се посолува и се посипува со црн пипер. Тенџерето се затвора и се вари јадењето на многу тивок оган додека да остане само на мрснотијата. Се служи топло со варена тестенина.

ЗАДУШЕНО ТЕЛЕШКО МЕСО

700-800 грама телешко месо без коски, 1 филџан путер или масло, 1 лажичка црвен пипер, 1 филџан бело вино, 3 моркови, 4-5 компири, 5-6 мали главички кромид, 1 главица лук, 1 лажичка толчен ким, 1 лажичка свежо мелен црн пипер, сол.

Месото се сече во мали парчиња, колку залаци и се пржи во загреан путер или масло, вртејќи го од сите страни додека да добие црвеникава боја. Потоа, се посипува со црн пипер, се налева 1 чаша топла вода и белото вино. Се добро се меша и се префрла во грне или земјено тенџере со капак. Се додаваат сечените моркови во коцкички, исто така сечените компири, цели само излупени од горната лушпа кромитчиња, лукот поелен на чешниња, истриена сува чубрица, толчениот ким, црвен пипер и сол. Грнето или земјеното тенџере се затвора, капакот се лепи со тесто и се става во реран да се крчка час и половина. Ова вкусно јадење може да се приготви и во експрес лонец, но времето на приготввање ќе биде многу покусо. Јадењето како и да се приготвува треба да има малку течност и да биде убаво искрчкано.

ГОВЕДСКО МЕСО СО ЗЕЛЕНЧУК

500 грама говедско филе, 300 рама моркови, 3 страка праз, 250 грама келераба, 100 грама зрна грашок.
За прелив: вралка млад лук или 2-3 чешниња стар, 2 лажици ситно сечкан магдонос, 1 лажица рендан рен, 2 дл. помасна слатка павлака, сол, црн пипер, масло.

Исчистените моркови се сечат во тенки резанки, а празот во парчиња долги 1 см. Исто така се сече келерабата. Зеленчукот се става во тава што има капак (земјена) се посолува, се посипува со црн пипер, грашокот. Се попрскува со масло. Измиеното месо се посолува, се посипува со црн пипер и се става врз зеленчукот. Се покрива и се пече околу 40 минути. Во меѓувреме ситно сечениот лук, се меша со ситно сечканиот магдонос, ренданиот рен, постепено се додава павлаката. Добро се меша да се добие густ прелив. Јадењето добро искрчкано и есото печено се служи исечено во парчиња опкружено со зеленчукот и прелиено со преливот. Или секој сам во чинија си го прелива своето месо.

ПОЛНЕТА ЈАГНЕШКА ПЛЕШКА

2 јагнешки плешки од по 1 кг.,250 грама месо од мисирка без коски, 200 грама сварен грав, 100 грама месеста сланина (чадена), 2-3 главици кромид, рузмарин, една лута пиперка, супа од коцка, маслиново масло, сол,црн пипер.

На јагнешкото месо му се вадат коските, се чука, да се добијат две цели парчиња за полнење. Со миксер се иситнува претходно свареното мисиркино месо заедно со сечениот кромид, сол, црн пипер и сув или ситно сечкан свеж рузмарин. Треба да се добие паста за мачкање. Со неа се мачка месото, се виткаат два ролата, се врзуваат со конец. На малку масло се пржи ситно сечканата сланина да добијат боја. Се додаваат јагнешките ролати и јадењето се динста со додавање супа додека да омекне. На крај се додава варениот грав и јадењето се динста уште 15 минути. Се посолува и се поспува со црн пипер.

ПОЛНЕТИ ПИЛЕШКИ КОПАНИ

4 големи пилешки копани, 120 грама сварена и исцедена блитва или зелје (може и спанаќ), 80 рама тврдо сирење или некој вид кашкавал, 6 главици кромид, мајчина душичка, Ворчестер сос, путер, суво бело вино, сол, црн пипер.

Копаните се пресекуваат покрај коската, коската се дели и се добиваат 4 убави парчиња месо. Малку се чукаат и врз секое парче се става по малку од обарената блитва (зелје или спанаќ) рендано сирење и се виткаат ролати. Секој се врзува со бел дебел конец. Полнетите ролати се пржат од сите страни во путер да добијат боја. Се додава сечениот кромид, се пропржува, се додава мајкината душичка и тенџерето се покрива. Јадењето се динста околу 15 минути, при што постепено се додава од виното. Искрчканото готово јадење се попрскува со Ворчестер сос, ролатите еднаш се превртуваат да примат од сосот и се служат.
Како додаток може да се сервираат компири, ориз или кнедли од гриз.

ПЕЧЕН ЦРН ДРОБ

500 грама црн телешкид роб, 1 главица кромид, 1 лимон, сол, црн пипер, масло.

Црниот дроб се сече во тенки шницли. Тавчето се подмачкува со масло, вон его се редат парчињата дроб посолени, посипани цо црн пипер. Во секое парче се става тенко тркалце лимон и тенко тркалце кромид. Јадењето се налева со масло и со малку вода и се става во реран да се пече. Дробот е печен кога ќе се боцне ако не тече крв.
Со ова брзо јадење се служи обарен солен компир или пржени компири и сезонска салата.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com