Злите сили бегаат од „насмевката“!

0

Има ли во наше време луѓе кои ги викаме волшебници и во која мерка тие влијаат на одредени работи, настани или судбини на другите? Колку волшебништвото е работа на минатото, а колку на сегашноста и од каде и на кој начин црпи натприродна сила?

Магијата, во секој случај е работа на влијание и има директна врска со моќта. Во основа кај магијата се работи за моќ или уше поконкретно за моќ на владеење над сопствената психа. Но, на вчудоневидувачки начин од оваа моќ, произлегува и моќта над другите.

Можеме ли да си претставиме дека човекот за различни состојби на расположение, поседува исто така различни сигнали.На пример, електромагнетно поле околу своето тело (својата аура). Електрицитетот исто така делува на далечина. Билките на пример можат да го фатат ова поле во подрачјето на т.н. „делта-бранови“, кои ги произведува и човечкиот мозок. А билките реагираат на брановите на човечкиот мозок, во што не се уверени само волшебниците, туку и бројните пријатели на цвеќето.

Во тој случај, голема е веројатноста дека ова поле, човекот може и да го измени.. Со тоа се менува и неговото расположение и неговото значење.

Според зборовите на современите волшебници, човекот може да влијае на сите живи суштества во околината.

Пред се кај суштества кои не располагаат со никаков разум, како филтер, а кои треба да се приемчиви на такви зрачења, билките, одделни животни, децата, замислените лица, а можно е и болните. Луѓето се уште се обидуваат да најдат одговори на се уште неодговорените мистерии на минатото и сегашноста, а една од тие тајни е тајната на функционирањето на магијата. Бидејќи магијата и современите волшебници, сакале тоа да го признаеме ние или не, сепак постојат.

Во таа насока, оджани се и многубројни семинари на современите волшебници, а следнава споредба на модерната и класична магија, изнесена е токму на еден таков семинар.

Модерниот волшебник изгледа отприлика вака:

    – за својата магиј нема потреба, ниту од демони, ниту од духови
    – не употребува никакви амајлии, туку се служи со технички средства
    – не паѓа во транс по пат на стапчиња, што предизвикуваат чад, туку со помош на електронски управувач стробоскоп
    – своите шанси ги пресметува според една сложена магична формула
    – тој злите духови не ги врзувасо знакот на Соломон(тие повремено сепак се појавуваат)
    – своите успеси ги објаснува со психологија (позитивни мисли), по пат на теорија на информации, холографски резонанци и „гравитациони кондензации“.

Како и науката во целост, така и магијата има свој напредок. Дали таа низ тој напредок ќе биде подобра, тоа е веќе прашање. Меѓутоа во секој лучај таа е се поприфатлива.

Врзувањето на злите сили со помош на насмевка е навистина делотворно. Направен е експеримент со десетминутно непрекинато смеење. Она што навистина го снемува се лошите мисли, малодушноста и лошото расположение . А тоа е всушност предуслов за магија.

Сепак сето ова не е доволно. Покрај силите на претставување на човекот кој се занимава со магија, му треба пред се нешто, што модерните волшебници го означуваат како магичен транс. Тоа е една состојба, во која се доаѓа по пат на силна премореност.

Значи четири се основни предуслови за нормално делување на волшебничката пракса, кои добро треба да ги знае, оној кој сака да се занимава со оваа дисциплина на граница на науката.

Тоа е силата на предочување, визуализацијата, односот кон човекот или предметот,што е цел на магичното практикување и постигнување на двојно, еден на друг, дијаметрално спротивни состојби, најмногу свесност и концентрирано препуштање на потсвеста.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com